Кај жените од калифатот на ИД се наоѓа сѐ, од млеко до компјутери и оружје

Додека ги пребаруваат жените кои бегаат од сириските остатоци на некогашниот калифат на џихадистичката Исламска држава (ИД) во Сирија, борците на коалицијата која ја поддржува Западот остануваат многу изненадени кога во нивните торби наоѓаат пиштоли, компјутери, златен накит или млеко во прав.

Последниве денови илјадници лица побегнале од последното упориште на ултрарадикалната сунитска организација Исламска држава во селото Багуз на североистокот на Сирија, бидејќи не им преостанало ништо друго туку да минат на територијата на арапско-курдската коалиција Сириски демократски сили (SDF).

Во понеделникот стотици луѓе се префрлени со камиони, а жените во никабите посивени од прашината, објаснуваат дека понеле само облека и млеко, се наведува во репортажата на AFP.

Една 35-годишна Сиријка од Алепо, мајка на три деца, отворила мала торбичка и извадила речиси празна кутија млеко во прав и објаснува дека нема ништо. Осумнасетгодишна жена борец од SDF, пак, детално ги пребарува жените и нивните торби и предупредува дека понекогаш сокриваат оружје под никабот или меѓу детската облека.

„Најчесто пронаоѓаме компјутери и други електронски уреди. Но и пиштоли, муниција, ножеви и злато. Мажите не пренесуваат ништо, тие предмети ги наоѓаме исклучиво кај жените“, велат борците на SDF.

Околу 50.000 лица, повеќето членови на семејствата на џихадиститедо декември ги напуштиле последните упоришта на Исламската држава, според Сириската опсерваторија за човекови права (SOHR). Меѓу нив имало повече од 5.000 џихадисти, кој главно се претставувале како цивили.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.