Кајли Миног има ново 20 години помладо момче

Австралиската „џебна Венера“, пејачката Кајли Миног (47) повторно е вљубена.

Таа има ново момче – дваесет и седумгодишниот актер, Џошуа Сасе.

Врската со 20 години помладо момче, Кајли ја призна на Инстаграм, откако објави заеднички фотографии од финалето на Светскиот рагби куп. Иако деталите за љубовта се уште не се познати, пејачката призна дека почнале заедно откако се запознале на сетот на неговата серија „Галавант“.

За Џошуа се знае дека е роден во 1987 година во Велика Британија. Станува збор за релативно непознат актер, кој го бара своето место под холивудското сонце.