Кајмакоски: Зошто би местел, кога добив покана да учествувам?

Од телефонското гласање Даниел освои 3.597 гласови, а од еден телефонски број можеше да се гласа само еднаш.

Во изјава за „Вечер“ Кајмакоски затечен и шокиран од целата ситуација која фрла сенка врз неговата победа вели дека ниту на него ниту на неговиот тим не им е таков принципот на работа и смета дека музиката треба да биде само убава работа, а не арена за израмнување сметки.

Последните случувања со нерегуларноста при гласањето фрлија дамка врз изборот и доведена е во прашање неговата победа, патот за Виена и наградата од 20.000 евра.

-Добив покана да учествувам, ниту се туркав да влезам на фестивалот ниту молев, па зошто би местел. Ниту мене ниту на мојот тим не ни е таков принципот на работа. Луѓе да ја оставиме музиката да биде само убава работа, а не арена за израмнување сметки, вели Кајмакоски за весникот.

Од МВР потврдуваат дека неколку лица се приведени само на информативен разговор и дека нема уапсени, како и дека имаат докази дека е направена измама со телефонски картички што влијаело на конечниот евровизиски исход.