Кајмаковски замина во Доха да ги бодри ракометарите

Даниел Кајмакоски замина за Доха да ги поддржи ракометарите на Светското првенство во ракомет што ќе се одржи месецов од 15 јануари до 1 февруари во Катар.

daniel_1

Овој настан има своја официјална песна, која се вика „Live it”, а нашиот годинешен претставник на изборот за песна на Евровизија е еден од многуте изведувачи на песната.

Тој веќе замина за Доха да ја поддржи ракометната репрезентација на Македонија и на лице место. Даниел ќе ги бодри нашите репрезентативци, а дека патот дотаму му беше и повеќе од забавен сведочат фотографиите што ги прикачи на социјалните мрежи.

daniel_2

На нив се гледа дека нашата млада ѕвезда ужива во бројни специјалитети, игра видео игри, слуша музика и се забавува со редица други активности.

daniel_3

„Чао Виена, Здраво Доха. Светско првенство во ракомет во Катар 2015 доаѓаме. Ајде Македонија, го можеш тоа, донеси го дома!“, напиша Кајмакоски на социјалните мрежи.

извор/ фото: vistina.mk