Какистократија и Лоповларија

Средина и Крај на колумната

За да може да се разбере мојот воведен дел со дефинирањето на Какистократијата како олимписка дисциплина кај нашите раководители и дел медиумски играчи, а блиско врзана со Лоповларијата, ќе поставам едно прашање и ќе дадам еден одговор.

Дали почитувани читатели имате чувство дека какистократите го знаат одговорот на следново прашање: Што е тоа големо како слон, а полесно од еден грам?

Они незнаат иако одговорот нормално е: Сенката на слонот.

Какистократите сега најверојатно проверуваат на интернет дали е точен одговорот, зошто научиле дека чичко Гугл има доста информации. Но, да се свртиме кон нас.

Подолго време разговарам за проблемот со источниот сосед со еден другар кој е познат пејач и секогаш ме предупредува. Како сте тргнале браќа мои Македонци има да ја доживеете нашата Влашка судбина. Што значи тоа? По дома да си зборите македонски, а официјално да зборите бугарски или албански или српски или итн…

За да можете да разберете драги читатели, нема Влав во Македонија кој незнае дека првиот премиер на Крушевската Република е Вангели Дину, а секретар Ѓорги Чаче, а и да не биде дека немало и несакајќи кодош (инаку ментално нестабилен) тоа е Тачу Вале.

Ова нема никаква врска со нашиот премиер Димитар Ковачевски зошто неговиот нов прекар е МАРАДОНА. И да го чуваат петорица, он пак некое „срање“ ќе ни приреди.

Но има една вистина, Власите (нормалните) се најголемите браќа на Македонците но за жал, тоа неможеме да го кажеме за Бугарите. Овие луѓе се опседнати дека треба да бидат број еден народ на Балканот. А, пусто не им иде. Они сите ги мразат. Турци, Роми, Албанци, Срби, а најногу Македонците. Бугарите се убедени дека ние Македонците сме Бугари. И не ми е криво што они така мислат, бидејќи одговорот од нас Македонците е: Има да Ве мразиме со сета сила, туку што следбениците од Македонија на какистократија и „лоповларија“ сакаат да не убедат дека: Ј*би га мора така да биде.

И сега морам сам на себе да си поставам прашање. Дали да му верувам на срцето и каков-таков мој памет, или пак да им верувам на прагматичните големи пријатели на Македонија, Претседателот на Србија г-дин Александар Вучиќ и Н.Е. г-ѓа Кејт Мари Брнз, Амбасадор на САД во Македонија?

Еве се слагам со нивните препораки, со едно големо прашање на кое немаат одговор: Со кого ние државава во ЕУ ќе ја носиме, со овие истиве какистократи и „лоповларија“ што незнаат патролен езерски чамец за лов на рибокрадци да земат како донација од НАТО?

Да го дадам одговорот, а најзасегнати се САД и останатите амбасади од ЕУ. Да не финансиравте „шљам“ неписмен во последниве 25 години, сега Македонија немаше да има вакви министри. Морам да објаснам што се незаинтересирани министри за државава.

Според сите дипломатски извори, со Бугарија во наредните децении ќе се расправаме за следниве работи: Историја, Традиција и Наследство. Делот каде се споменува јазик и нација беше замка за да се фатиме како „Сомови на дудак“. Е, кога сме кај Традицијата таа кај нашите какистократи министри се разбира на следниов начин:

Ти си министер за правда, а татко ти бил обвинител кој си нарачал тепих кај двајца млади адвокати од позната продавница за 200 евра, објавува медиум, и ти како министер ќутиш и викаш секое чудо за три дена. Ова е традиција во Македонија.

Имам уште едно прашање до Вас драги читатели: Дали голем дел од министрите разбираат што се кажа Бранко Азески во рок од 7 дена како Претседател на Стопанската Комора на Македонија?

На ПлусИнфо објави две колумни. Првата објавена 07 Јули со наслов: „Како ќе изгледаше нашата економија ако се прифатеа сите иницијативи, предлози, барања и приоритети на Комората?“. И втората колумна објавена на 08 Јули со наслов: „Да не се заборави“. И посебно внимание треба да се обрати на неговото интервју од 13 јули каде вели „Ако 90% од интелектуалците во една држава викаат дека работите ќе ги реши „калето“, тоа е тежок пораз на самиот себе, затоа што ти однапред си решил да не се трудиш“.

Одговорот на моето прашање до Вас читатели е следово. Арогантните какистократи следбеници на „Лоповларија“ ништо не разбираат колкава тежина имаат зборовите на Азески. За да се одбранат во 99% сум сигурен дека ќе се изјаснат на следниов одвратен начин: „Нека не кажуе приказни Влаот охридски“.

Бранко Азески споменува регулаторни тела. Во делот на медиуми постојат две со најскапо платени „ленчуги“, кои немаат намера да мрднат со малиот прст да нешто сработат. А, на сето тоа имаат и придружен фактор „шљам“ финансиран од земји пријатели на Македонија. Впрочем овие какистократи немаат основно чувство да се приклучат на кампањата од типот: Македонија се сака и кога ДУЗИНА употребуваме само кога имаме 12 единици од нешто. Douze= 12 на француски, а да Македонија се сака и кога има населено место, село наречено Б’С! (убаво е во животот да се знае кој е Викторио Јаковлески)

Затоа мора да се започне разговор со финансиерите на „шљамот“ експертски за сите криминалии во медиумскиот свет од 2003 година (со чест на поштени индивидуи исклучоци) до денес изведени во режија на:

1.     АВМУ (поранешен Совет за Радиодифузија)

2.     АЕК (поранешна Управа за Телекомуникации)

3.     Министерство за Информатичко Општество и Администрација (порано одговорноста беше во Министерство за Транспорт и Врски)

4.     Комисија за заштита на конкуренција (позната како антимонополска)

5.     Пазарна инспекција

6.     ЗАМП

Залучокот однапред мора да биде: Нема финансирање „Шљам“ повеќе.

Иако на почетокот на колумната ја бранев Министерката за Култура сепак генералниот впечаток, а поврзан со претходниот мој пристап, е дека не е потребно да бидеш жена и да имаш само две презимиња, како Цветанова- Кедева или Канческа-Милевска за да бидеш топ министер, мора и да имаш елементарни познавања од следниве права: авторско, фонограмско, изведувачко, видеограм и фотографија. Ако на министерката и споменете јавно емитување во угостителски објекти и нивно изедначување во финансиска дисциплина, ќе мора повторно министерката да ја облечеме во оној прекрасен црн фустан од црвениот тепих на Манаки Филм, за да и’ го минимизираме „Збунетото Фацулче“.

Дека сум во право по однос на „шљамот“ потврува и Н.Е Кејт Мари Брнз со нејзините изјави во континуитет дека: „Корупцијата е главна пречка за напредокот на земјава“.

Јас на крај би додал уште еднаш. Глупаво е да мислиме дека странците ни се криви за се’, ама уште е поглупаво да самите странци мислат дека овде живее „стока“ невоспитана и неизживеана само затоашто поинаку мислат од нивните моментални, а не стратешки политички видувања.

П.С.1 Драги Георгиев и неговиот другар Литовски, како и да беше, да запамтат дека Бугарите не се радуваат на погодена пречка на голот, туку на даден гол и пласман во друга фаза, по однос на Кирил и Методиј. Затоа им посакувам сите пари да си ги трошат во „Боти 96“ (ресторан за погреби и помени).

П.С.2 Во духот на Булгаков: Пишувањето критика без цензура во НетПрес ми дава можност да не се чуствувам дека сум жив закопан.

Почеток на колумната

„КАКИСТОКРАТИЈА“ е држава односно земја во која владеат најлошите, најнестручните и најбескруполозните меѓу нејзините граѓани. На сето ова додате со наш жаргон и „ЛОПОВЛАРИЈА“.

Оваа комбинација само ја докажува онаа безвременска мисла на Булгаков: „Изгеда дека наскоро толеранцијата ќе го достигне нивото да на паметните им биде забрането да размислуваат, затоашто го понижува чувството на глупавите“.

Што е класичен пристап во какистрократијата? Да посочам два или пак три примера.

Пример 1

Два собраниски состава отвараат два различни конкурса за членови на АВМУ и МРТВ каде одамна се истечени мандатите. Имаат обврска да ги повикаат кандидатите да се претстават пред надлежна комисија во собранието. Кандидатите четири години чекаат да бидат повикани бар да ги опцујат овие 120 какистократи од законодавниот дом. Пу јазк да им е на пратениците.

Пример 2

Во последната своја емисија од 04.09.2022 (недела) Васко Ефтов само го потврди моето сомневање дека на МРТВ во ударен термин во 20 часот не се случува Истражувачко новинарство туку политичко-финансиско новинарство кое обвинува и пресудува. Добро информираниот Ефтов јасно укажува дека нарачката за Жан Митрев доаѓа од Отворен Балкан. Сега имаме нови жртви, освен покојните од хемофилтрација сега ги упокојуваме и нивните роднини за политички цели. Впрочем ако во МРТВ би биле Горан Михајловски и Ерол Ризаов со сигурност тврдам дека ваков концепт на новинарство веднаш ќе биде отстрането од програмата и воопшто нема да ги загрижува како сегашниве кој го финансира. Какистократските новинарски здруженија и нивни аналитичари мудро молчат. Зошто? „Шљам си е шљам“.

Пример 3

Нашата мила г-ѓа Министер за култура, даде изјава за продукција која не кореспондира со момнеталното расположение. Беше критикувана и замислете кој е најжесток. Следниов какистократ. Личност која иде во посета на високо позиционирани функционери кои добиле мандат на непосредни избори. Какистократов им се фалел дека има нова девојка/жена, дека е сигурен директор на МРТВ така бил договорен со Заев и Мицкоски и дека ќе снимал серии. Не ми останува ништо туку во чест, а од почит кон г-ѓа министер да го дадам следниов заклучок за лепотанов: За да бидеш сељачки ромбоиден сперматоидоман треба да се намачиш, тоа е титула. Лепотанов е обичен КЛОШАР.

Автор: Виктор Грозданов за НетПрес