Како да бидете на диета, а да не гладувате?

Диетите бараат внес на помалку калории, т.е. на храна, а при тоа е важно да се најде начин како да се остане сит.

Следат совети за што помалку „саможртвување“ во исхраната.

Како да не се чувствуваме гладни или екстремно уморни, при исполнувањето на потребите за храна? Според познавачите, не мора да се јадат само салати, ниту пак откажување од слатки нешта. Првиот совет е да го зголемите обемот на нискокалорична храна, колку е тој поголем, толку е поголема ситоста после јадењето. Зеленчукот е најдобриот начин да се зголеми обемот на храната без да се внесуваат повеќе калории.

Во таа смисла се препорачуваат зелена салата, домати, краставици, кисела зелка, карфиол, брокула и пиперка. Од житарките, особено препорачливи се просо, булгур, кускус и овес, а од мешунките – леблебии, грав, леќа, боранија и грашок.

Друг совет е да се намали количината висококалорична храна. Наместо два реда, јадете две до три чоколадни коцки или ако сте љубител на путер од кикирики – просто, користете мала лажица наместо голема. Може, исто така да се побараат поздрави верзии на омилените слатки со помалку калории.

Натаму, кога послужувате храна, ставете повеќе зеленчук наспроти храната со јаглехидрати. Може барем четвртина од чинијата да биде исполнета со јаглехидрати, друга четвртина со протеини, а остатокот – со зеленчук.

Повеќе супи и чорби. Тие имаат голем обем поради големото количество вода, па се одличен начин за внес на некои калории. Покрај тоа, така може да се намали внесот на леб и да се зголеми консумирањето на зеленчук.

Последниот, петти совет, се однесува на протеините кои се важни за растот и развојот на мускулната маса, а по правило создаваат и чувство на ситост. Освен месото и рибата како ослич и бакалар, најдобри извори на протеини се јајцата и свежите сирења.