Како да дознаете дека јајцето е старо и не треба да се јаде?

Одличен трик со кој за многу кратко време ќе откриете колку е старо јајцето и дали смее да се јаде.

Постапка е следна:

Наполнете сад со вода до половина и во него ставете го јајцето.

Најсвежо јајце
Јајцето е најсвежо кога штом ќе го ставите во садот со вода ќе потоне на дното и таму ќе остане неподвижно.
Седум дена старо јајце
Кога ова јајце ќе го ставите во садот со вода, стигнува речиси до дното, но со едниот дел е подигнато кон горе.

21 ден старо јајце
Ова е сеуште прифатлив рок на траење, а кога ќе го ставите во садот со вода балансира некаде во средината.

Старо јајце
Дека се работи за јајце опасно за конзумација говори моментот кога откако ќе го поставите јајцето во садот со вода тоа се подигнува на површината и плови.