Како да го излудите: Безобразни совет за орален секс (2)

Откако вчера ви дадовме неколку совети како да го подобрите искуството со оралниот секс и како да му овозможите на вашиот партнер врвно задоволство денеска продолжуваме на оваа тема.

Ако вие уживате, ќе ужива и тој

Една работа која „пали“ кај сите мажи е ентузијазам. Всушност,  голем дел од нив не можат во целост да уживаат бидејќи имаат чувство како жената тоа да го прави бидејќи мора, а не затоа што сака. Ако навистина не уживате во тоа, тогаш објаснете му. Но, ако сакате така да го задоволите, тогаш добро би ило тоа и да го покажете – нежно стенкајте и воздивнувајте додека сте доле, тоа ќе го полуди.

Вработете ги рацете

Мнозинството мажи најмногу уживаат кога партнерката користи уста и рака во исто време. Можете раката да ја поставите веднаш по устата и да ја поместувате заедно со устата – тоа ќе создаде илузија „длабоко грло“.

Од друга страна, можете двете раце да ги ставите околу „него“ и полека да влечете во спротивен правец. Во исто време, со јазикот минувајте како змија околу врвот.

69 е нешто што мора да се проба

Иако вам може да звучи како нешто што никогаш не би го пробале, оваа поза е изненадувачки пријатна – дури и оние кои тврделе дека никогаш не сакаат да ја пробаат. Лежете еден покрај друг, така што вашата глава ќе биде покрај неговиот полов орган и обратно. Додека устата ви е зафатена, можете и со рацете да се допирате по телото.

Почестете ги неговите очи 

Веројатно веќе знаете дека мажите се визуелни типови. Но, додека сте вие долу, тој баш и не може да има сјаен поглед. За дополнително да ужива, тактички поставете се пред огледало така што партнерот ќе може се’ да види.

И неговите „момци“ сакаат да се забавуваат

Секако, под ова не се подразбира никаков вид на групен секс, туку се мисли на неговите тестиси. Анкетите покажуваат дека повеќе од половина мажи сакаат нивната партнерка да посвети внимание и на овие „момци“ кога се долу. Додека устата ви е зафатена, со рацете можете нежно да ги милувате тестисите или можете со рацете да го стимулирате, додека со јазикот и устаа ги милувате тестисите.