Како да имате одличен секс секој ден од неделата

Некои тоа го сакаат само еднаш месечно, некои еднаш неделно, но има такви кои секс сакаат 24/7. Но, кога имате секс секој ден не е можно секој пат тој да биде одличен, па затоа ви даваме неколку предлози како да ги „раздрмате“ работите и секој ден да имате фантастичен провод под чаршавите.

Понеделник – бидете слободоумни

Кога ќе дојде време за секс, сите свои предрасуди треба да ги оставите пред спалната собра. Ако партнерот сака да му пеете сензуални песни, пејте му. Ако сака нешто друго за што никогаш не сте чуле, задоволете му ја желбата – но само ако тоа не вклучува вие да бидете физички и емотивно повредени. Немојте да го осудувате и понеделник резервирајте го за посебни фантазии.

Вторник – самодоверба

За добар секс не се важни само потезите туки и начинот на кој што ги спроведувате. А, ништо не е поатрактивно од самодовербата. Дури и ако не сте сигурни што правите, однесувајте се како да сте и тој ќе ви поверува. Експериментирајте и без трема.

Среда – орален секс

Кога еднаш ќе му пружите незаборавен орален секс, тој постојано ќе го посакува. Истражете на кои начини можете да му приредите уште едно незаборавно искуство.

Четврток – направете го првиот чекор

Веќе е кажано дека самодовербата е клучно прашање, па зошто тогаш не го направите првиот чекор? Немојте секогаш да чекате вашиот партнер да биде тој кој ќе иницира секс. И мажите сакаат да се почувствуваат посакувано, па покажете му го тоа така што на свој начин ќе иницирате секс.

Петок – стимулирајте го мозокот

Не дозволувајте сексот секогаш да биде само физички доживување. Пронајдете начин да се стимулирате и психички бидејќи така многу повеќе ќе уживате. Фантазирајте за време на сексот, играјте улоги, изненадувајте се еден со друг.

Сабота – експериментирајте

Најважно е во спалната соба да бидете опуштени и да експериментирате. Пред било што да пробате, разговарајте со партнерот за да не се случи тоа да не му одговара на партнерот. 

Недела – бакнувајте се често 

Понекогаш двојките кои се долго во врска забораваат на бакнежите. Не дозволувајте тоа да ви се случи и вам. Љубете се повеќе што можете и заљубете се еден во друг секој ден повторно.