Како да изневерувате, а да не ве фатат

Корисниците на популарниот портал за дискретни вонбрачни афери „Ешли Медисон“ во анонимна анкета открија некои од своите трикови како изневеруваат со успех, а партнерката или партнерот никогаш да не ги дознае. Дознајте ги најефикасните заеднички трикови на 110 илјади учесници во ова истражување:

За некои работи, ниту збор

На личноста со која имате аферта не и зборувајте ништо за себе и својот приватен живот.Никогаш не знаете што се може да произлезе и попаметно ви е да не откривате премногу. Посебно не зборувајте за адресатa или било што за својата работа.

Бирајте локација

Најголем број од испитаниците сметаат дека е најдобро да се впуштат во секс шема со лицето кое ниту живее ниту работи каде што живеете или каде што работите. Едноставно помали се шансите да налетате на некој кој го знаете.

Сокријте ги доказите

Карминот на машка јака, мирис на туѓ парфем, влакна на сако или автомобил. Кондоми во женска ташна, заборавени гаќи, размачкана шминка. Се се ова ситници по кои партнерот може да ве открие дека нешто не е во ред.Внимавајте на детаљи.

Внимателно со технологијата

На комуникација по меил, социјална мрежа или телефон подобро е да заборавите. Исто така набавете друг телефон и број специјално за него на кој никој друг нема да ви се јавува.Ако не сте во можност, редовно бришете ја листата на повици и СМС пораки и заборавете на секси пораки.

Не се менувајте

Ако имате некој немојте одеднаш да правите драстични промени во својот физички изглед.Немојте одеднаш да почнете да се средувате, ниту да внимавате на своето однесување. Секоја промена е сомнителна.

Заштита на прво место

Употребата на кондом сфатете ја како обврска. Сигурно не сакате партнерот да ве фати на тој начин што ќе го заразите со некоја полова болест. Исто така не сакате да ве снајде и некоја непланирана бременост.

Чиста сметка, долга љубов

Не плаќајте со картички ниту излегувања, ниту хотелска соба ниту подароци. Само кеш и ништо друго. Ако нешто компромитирачко платите и ја добиете сметката, фрлете ја во корпа за отпад. Пишани траги не смеат да постојат.

Не изневерувајте

И покрај сите мерки на претпазливост, секогаш постои и оној еден процент на шанса за саканата личност да ве фати во неверство. Едноставен совет, е ако не сакате да ве откријат, едноставно бидете верни.