Како да останете здрави и покрај загадениот воздух

Загаденоста на воздухот секоја година се повеќе загрижувачка, особено во главниот град на Македонија, Скопје. На интернет се достапни голем број информации како да ги избегнете токсините од воздухот, вклучувајќи мерки за  минимализирање на последиците врз здравјето.

Најпрепорачливо е користење јавен транспорт и одбегнување автомобили, употреба на аеро прочистувачи во домот или како најсигурна мерка- седење дома додека воздухот не се расчисти што е најтешко достапна опција за граѓаните. Секојдневните обврски не можат да бидат занемарени или одложени. Затоа, нема да споменуваме причинители или фактори на ризик кои влијаат на загаденоста на водухот кој го вдишуваме. Моменталната ситуацијата е таква каква што е. Останува да се заштитиме со начин на исхрана или стил на живот кој би ги олеснил последиците и намалил ризикот од нарушено здравје.

Загадениот воздух се поврзува со низа негативни последици врз здравјето на човекот. Зависно од степенот на изложеност на токсични честички, ризикот се зголемува и шансите за сериозни здравствени проблеми се зголемени. Овие здравствени проблеми вклучуваат намален имунитет, невролошки заболувања, оштетување на репродуктивниот систем (намалена плодност), срцеви заболувања, како и, најчесто забележани се оштетувања на респираторниот систем. Особено критични групи се лицата со астма, а загадениот воздух може сериозно да ја влоши состојбата на луѓето.

Затоа, доколу веќе боледувате од срцеви или респираторни потешкотии, секогаш носете ги соодветните лекови кога излегувате надвор. Консултирајте се со стручно лице за да ја одржувате болеста под контрола во текот на најзагадените месеци.

Како да направите детокс на телото од вдишувањето на загадениот воздух

Хидратацијата на организмот сведете ја на максимум во текот на денот. Пијте многу течности и внесувајте напивки кои делуваат како природен антиоксиданс во телото.

-Лимонова вода (исцедете еден лимон во чаша вода)

-Вода со ѓумбир (додадете неколку парченца свеж ѓумбир во чаша вода)

-Кокосова вода (лесно се наоѓа по маркетите)

-Свежо цедени сокови

-Смутиња од зелен зеленчук

Користете суплементи како додаток во секојдневната исхрана.

-Витамин Ц (било која форма на овој витамин го храни црниот дроб и ги заштитува белите дробови)

-Пробиотици (не постои подобар начин на чистење на телото од редовно исфрлање непотребни материи од организмот

Билки и чаеви за чистење на белите дробови

-Чај од глуварче

-Чај од лист од бел слез

– Чај од мајчина душица

– Чај од нане

Со менување на стилот на живот може да направите одличен детокс на организмот.

-Сауна или инфрацрвена сауна (потењето е најдобар начин за исфрлање токсини и штетни материи од телото)

-Епсома сол – магнезиум сулфат (додадете две мали лажици во бањата)

Проблемот со загаденоста достигна висока точка на загриженост во повеќе главни градови и пренаселени метрополи. Некои градови дури се затворени за време на одредени периоди од годината, бидејќи воздухот е толку многу загаден што е невозможно да се функционира. Всушност, загадениот воздух годишно убива повеќе луѓе од маларија или туберкулоза. На пример, некои денови во Кина загадениот воздух има ист ефект врз човекот еквивалентно на испушени 60 цигари дневно.

Во моментов не можеме многу да направиме освен да пробаме нови начини да ја издржиме загадената средина во која живееме…