Промената на животните навики во 16 седмици овозможува да се намали крвниот притисок и потребата од лекови против хипертензија, се наведува во истражувањето на Американската асоцијација за срце (American Heart Association’s – AHA), кое е објавено на порталот EurekAlert.
Кардиолозите појаснуваат дека пациентите со висок крвен притисок (систолен од 130 до 160 милиметри од живиниот столб, и дијастолен од 80 до 90 мм) треба да посветат особено внимание на диетата и редовното спортување. Препораката се однесува, како за мажите, така и за жените.
До ваквите заклучоци научниците дошле по спроведување на истражување со коешто биле опфатени 129 лица на возраст меѓу 40 и 80 години со зголемена телесна тежина и зголемен крвен притисок. Испитаниците биле по случаен избор поделени во три групи. За секоја од нив истражувачите развиле посебна 16-седмична програма.
Пациентите во првата категорија минале на специјална диета со високи количества овошје, зеленчук и на ниски од црвено месо, сол и слатки, а исто така трипати во седмицата спортувајќи со тренер. Членовите од втората група имале иста прехрана, но немале физички активности, а третите не биле подложени ниту на диета, ниту на спортување. Притоа ниедна од трите групи испитаници не земале никакви лекарства.
Како резултат на тоа, добиени се сознанијата дека учесниците во првата група успеале значително да загубат на тежината (во просек 9,6 кгр) и да го снизат крвниот притусок, „горниот“ за 16 поени, а „нискиот“ за десет. Истовремено, само 15 отсто од испитаниците кои биле подложени на првата програма, имале потреба од лекови.