Како да се заштитите од порно освета?

Модерното време има некои нови правила во сексуалниот живот. Луѓето се поприлично опуштени кога заведувањето, страста и сексуалната енергија се во прашање. Голем број на жени и мажи снимаат домашни порно филмови или имаат сајбер секс.

Проблемот настанува кога врската ќе заврши, а материјалот ќе заврши во рацете на погрешен партнер. Па ако врската сте ја завршиле бурно, голема е веројатноста дека документираната интима ќе биде злоупотребена. А, како да се спасите од тоа дека снимката од сексот или сликата на која сте голи нема да го обиколи светот? Ако не сакате да звршите како Северина или Скарлет Јохансон, има неколку работи за кои морате да водите сметка.

Фотографии без глава

Доколку сакате да му испратите слика на својот партнер на која сте голи, нека биде фотографија на која не се гледа вашето лице.

Итна интервенција

Штом ќе забележите било каква криминална работа, обратете се на полицијата или адвокат. Контактирајте ја спорната веб-страница и замолете да ги избришат сите податоци. А, ја имате и полицијата на Гугл.

Авторски права

Ако некои портали ги објават вашите приватни фотографии, ќе ви биде од помош ако докажете дека тие се ваше авторски дело. Затоа, заштитете ги!

Започенете офанзива

И да се случи најлошото, не повлекувајте се од интернет и не затворајте ги своите профили. Придружете се на он-лајн групи, бидете активни, бидејќи што повеќе објавувате нови работи кои ве покажуваат во позитивно светло, старите застаруваат.

 

 

 

 

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.