Како да се заштитите од вирус што можеби лебди во затворен простор?

Во врска со најновите потврдени информации дека коронавирусот се пренесува и преку воздухот, епидемиологот проф. д-р Драган Даниловски на Фејсбук цитира текст на “Њујорк тајмс”:

„Како да се заштитите од вирус што можеби лебди во затворен простор? За почеток, со подобра вентилација. И продолжете да ги носите маските.

Коронавирусот може да остане со часови во ситни капки во застојан воздух, инфицирајќи ги луѓето додека вдишуваат, укажуваат сè поголем број научни докази. Овој ризик е најголем во преполни затворени простории со слаба вентилација и тоа може да помогне во објаснувањето на настани на супер-пренесување, пријавени во кланици, цркви и ресторани.

Не е јасно колку често се шири вирусот преку овие ситни капки или аеросоли, во споредба со ширењето преку поголемите капки, кои се исфрлаат кога некое болно лице кашла или кива или кога се пренесува преку контакт со загадени површини, вели Linsey Marr, експерт за аеросоли во Virginia Tech.

Аеросолите се ослободуваат дури и кога едно лице без симптоми издишува, разговара или пее, според д-р Мар и повеќе од 200 други експерти, кои ги наведоа доказите во отворено писмо до Светската здравствена организација”.