Како до секс во полна куќа?

Сега е сезона на слави и празници, па не е ретко куќата да биде полна со гости. Сити од храна и напиени со добро вино, нормално е да посакате да ги потрошите сите калории во страствен секс со саканата личност.Но, не можете тоа да го спроведете во дело ако секој дел од куќата е зафатен.За почеток, внимателно одберете место, но и тогаш бидете подготвени дека постои голема веројатност дека некој ќе ве прекине среде акција. Потоа, важно е да имате доволно место за маневар за уживањето да не недостасува.Третото правило се однесува на тоа да научете да бидете тивки.

На гости

Доколку вие и вашиот партнер сте кај некого на гости многу е голема веројатноста дека ќе ве сместат на некој крцкав креевт. Затоа внимавајте, ако не сте во состојба да имате секс без многу движење, не впуштајте се во акција.

Шпајз

Шпајзот можете да го искористете ако и двајцата сте сигурни во својата спретност. Доколку скршите нешто и на двајцата ви се пишува лошо.

Купатило

Искористете го фактот дека има преголема гужва за во купатило и отидете заедно на туширање.

Гаража

Не звучи како паметна идеја ако надвор е минус. Но ако имате кола, сексот секогаш можете да го изведете таму.

Дедо Мраз

Еден изговор кој можете да го наведете, а другите да ве остават на раат е да кажете дека сакате да ги завиткате подароците за децата.Нормално не заборавајте дека подароците најдобро се пакуваат заедно.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.