21.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

Како Фатиме Фетаи ја бранеше Катица Јанева

Обвинителката Фатиме Фетаи жестоко ја бранеше Катица Јанева, во неодамнешната емисија на 1ТВ, и не се појави на прес-конференцијата на која колегите се оградуваа од првата жена на СЈО.

Според Фетаи оние кои барале обвинение против Катица Јанева, тоа го правеле за да си ја кренат политичката цена во преговорите.

На прашањето што ќе се случи ако се смени Јанева, дали Фетаи ќе се префрли во некое ново Обвинителство, обвинителката одговара: Како мислите да се смени Катица Јанева?

– Зарем таа жена, тој човек од Јавното Обвинителство, прв повлече нога за да се направат позитивни промени во правото и правдата во Македонија, заслужува да биде сменета од таа позиција? – изјави Фетаи и додаде дека Јанева е најважен човек во СЈО.

Погледнете како Фетаи жестоко ја бранеше Јанева:

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.