Како изолацијата влијае на менталното здравје?

Вознемиреноста во јавноста е голема и е поттикната од чувството за немоќ, бидејќи граѓаните се соочуваат со невидлив противник, ситуација во која тие немаат никаква контрола.

Ширењето на новиот коронавирус не е само здравствена криза. Луѓето се грижат за тоа како ќе се справат со карантинот, изолацијата, неизвесноста што ја придружува пандемијата, изгубениот приход, децата, бабите и дедовците.

Вознемиреноста во јавноста е голема и е поттикната од чувството за немоќ, бидејќи граѓаните се соочуваат со невидлив противник, ситуација во која тие немаат никаква контрола.

Како резултат, луѓето се склони кон претерување во кризни ситуации и во двете насоки – и позитивни и негативни.

Повеќето луѓе или ќе заземат став дека сè во јавноста е „пренапумпано“ и дека немаат од што да се плашат или, од друга страна, ќе почнат да преземаат цврсти мерки за хигиена многу опсесивно и компулсивно да се заштитат себе си.

Според психолозите, ставовите се генерално екстремни и малкумина имаат умерен став. Со други зборови колку е повисоко нивото на страв кај поединците, толку е помала довербата во нивните способности и нивниот имунитет. Поради оваа причина, овие лица честопати претераат во мерките на заштита.

Има луѓе кои ја потценуваат, потоа оние кои ги преценуваат, а на крај и оние кои имаат реална идеја за своите способности. Колку е повознемирен човекот, особено кога станува збор за здравствена вознемиреност, толку поосновно ќе биде неговото потценување на своите споосбности и тој ќе преземе екстремни мерки на заштита,  да го достигнеме посакуваното, често нереално, ниво на безбедност.

Психолозите посочуваат дека кај реална или замислена опасност, луѓето стануваат исплашени (свесно или несвесно) и нивото на тој страв може да биде претерано.

Во такви ситуации, луѓето почнуваат да размислуваат поинаку од вообичаеното и да донесуваат различни заклучоци од вообичаеното.

Нормалниот страв и умерената вознемиреност се здрави и пожелни емоции кои стимулираат конструктивни реакции и без тие емоции човечкиот вид не би можел да преживее.

За граѓаните е полесно да веруваат во лажни совети во време на пандемија, но едукацијата со точни и проверливи информации е докажан начин за борба против стравот од коронавирус.

Експертите во вакви случаи треба да посветат големо внимание на тоа што и како изјавуваат, бидејќи нивните изјави може значително да го подобрат разбирањето на ситуацијата или, од друга страна, да ја збунат јавноста или дури и да ја компромитираат струката во очите на просечниот консумент на информации.

Психолозите наведуваат дека читањето книги, слушањето музика, комуникацијата преку Интернет, пишувањето пораки и видео повиците, сите можат да помогнат во намалувањето на чувството на изолација или осаменост.

Технологијата не е совршена замена, но во време на изолација, може да ни помогне да го надминеме претстојниот период.