ВИДЕО: Како Македонија да си ги спаси своите тинејџери?

архивска илустрација

Малолетничката деликвенција е сериозен проблем со кој се соочуваат современите општества. Кај нас може да се забележи алармантен тренд во таа насока, особено поради фактот што државата е сиромашна, а сиромаштијата е ризичен фактор за појава на разни неприфатливи однесувавња кај младите.

Секојдневно, полициските билтени известуваат за разбојништва од малолетници врз нивни врсници. Се повеќе млади во земјава се чувствуваат небезбедно, тие се се’ понерзвозни и агресивни. Тепачки во училиштата, автобусите, ноќни клубови се вообичаена слика…

Освен малолетничката деликвенција, ништо понезначајно е и девијантното однесување на тинејџери, кои се пијанчат за викенди, користат дрога, пушат цигари…

Психолозите се соглсни во тоа дека оптоварени со борбата за преживување, родителите често немаат време за своите деца, со што се случуваат нарушувања во семејните врски и семејството се’ повеќе ја губи својата традиционална улога.

Експертите постојано апелираат до надлежните институции навремено да реагираат на ваквите социопатолошки појави, а јавноста не смее да молчи за овие општествени девијации.

Достапноста на алкохолот, високата толеранција на околината, рекламирањето на алкохолни пијалаци, навиките на нашиот народ, го направија алкохолот „најопасна дрога“ за малолетниците во Македонија.

Голем дел од развиените држави посветуваат големо значење за намалување на овие девијантни однесувања кај младите. Една од нив е Исланд, која може да се издвои како држава која со голема успешност го решава овој проблем. Нејзиниот модел за решавање на овие појави кај тинејџерите, го имаат прифтено многу други држави.

Како пример за успешноста на овој „воспитувачки модел“, говори фактот дека во 1998 година, 42 отсто од исландските 15 и 16-годишни тинејџери се изјасниле дека биле пијани во изминатите 30 дена. а, до 2016 година, оваа бројка паднала на само 5 отсто, а употребата на дрога и пушење, исто така, драстично се намалила.

Акциониот план што довел до овој драматичен успех понекогаш се нарекува „исландски модел” – и не се фокусира на строги полициски активности или кампањи за подигнување на свеста за предупредување на децата од лошите навики.

Наместо тоа, врвните истражувачи тесно соработуваат со заедниците за иницијативи како родителски ноќни патроли, и влдини инвестиции во рекреативни објекти.
Дали да се биде тинејџер во Исланд е се’ уште забавено?

Во прилогот на „Би-Би-Си“, се вели дека тинејџерите во 80-те и 90-те години биле надвор од контрола. Но, за 20 години, Рејкјавик од најлошо место во Европа, кога станува збор за употреба на алкохол, цигари и дрога, станува најдобро место.

Еве како Исланѓаните успеале во тоа:

1. Се воведува полициски час. Децата под 16 години мораат да бидат дома до 22 часот. Родители одат во патрола.

2. Родителите потпишуваат согласности за правилата на однесување за нивните деца, како да не им се дозволува на децата да пијат алкохол и да поминуваат повеќе време заедно како семејство.

3. Децата се поттикнуваат да се знимаваат со нешто. Секоја година, доколку се ангажирни во спортски активности надвор од училиштето, децата добиваат ваучер од 500 долари.

4. Се’ се сведува на наука. Децата пополнуваат анкети секоја година. Се истражуваат различни аспекти од нивниот живот, односите со нивните врсници и фамилијата, употребата на различни супстанции и како тие се чувствуваат.

5. Поддршка од политичарите.

Овој модел денес се употребува во 35 европски градови. На шега, градоначалникот на Рејкјавик вели дека најверојатно со овие методи ја победиле Англија на Европскиот шампионат во фудбал.

Пред неколку години, полицијата кај нас, имаше еден проект (мешани патроли), односно обиколка со родители на кафулиња во вечерните часови, со цел едукација на родителите околу потенцијалните ризици на коишто е изложена малолетната популација.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.