Како Мамиќ ги спроведе неговите измами

Околу 80 сведоци ќе бидат сослушани против контроверзниот динамов претседател Здравко Мамиќ, во големата афера за затајување на данок, поради која при акцијата на УСКОК, денеска заврши со едномесечен притвор за бизнисменот.

Мамиќ во изминатава деценија го направи Динамо прв клуб во регионот, клуб кој речиси секојпат игра во групните фази во европските натпреварувања и клуб чија заработка од играчи стигна до 200 милиони евра во последната деценија. Мамиќ се терети за затајување на данок од 10 милиони евра, па доби едномесечен притвор за да не влијае на сведоците.

Медиумите објавуваат дека како клучни сведоци и најголеми адути на обвинителството околу оваа афера се двајца хрватски репрезентативци, ѕвездата на Реал Мадрид, Лука Модриќ и дефанзивецот на Ливерпул, Дејан Ловрен.

Според УСКОК, двата трансфери на Модриќ и Ловрен се спорни. Репрезентативците се “вовлечени во играта” на тој начин што братот на Здравко, Зоран имал долг од 4 милиони евра кон Динамо. Станувало збор за заем од 2011 година. Откако тој заем не го вратил, Здравко Мамиќ во име на клубот во банка побарал кредит од 4,4 милиони евра и веднаш го добил за неколку часа.

По тоа, за да се прикрие вистинската намена на кредитот, направен е анекс на договорот за професионално играње, потпишан од Дамир Врбановиќ. Со тој договор, според УСКОК, утврдено е право на Ловрен да добие 50 отсто од трансферот. Но, сите знаеле во тој момент дека Ловрен потпишал записник за раскин на договор, во кој потврдил дека нема право на финансиска надокнада од трансферот кон Динамо. Здравко Мамиќ по тоа, веднаш нареди исплата на 26 милиони куни (нешто над 4 милиони евра), од сметката на Динамо на сметката на фудбалерот. Со тоа стигнала обврската за данок, кој е платен од кредитот, а фудбалерот потоа парите ги проследил, нормално по налог на Мамиќ, на сметката на неговиот брат Зоран. Од скоро 26 милиони куни, 24-те милиони Зоран го вратил на сметката на Динамо за да го врати претходниот заем, а остатокот Мамиќ го задржал од скоро два милиони куни.

Преку Модриќ, пак, Мамиќ извлекол пари од Динамо во период од 2009 до 2011 година. Мамиќ дал налог за исплата на 81 милион куни (11 милиони евра) на сметката на Модриќ од динамовата сметка. Модриќ од тие пари, извадил околу 52 милиони куни (седу ммилиони евра) и му ги предал на Мамиќ, а за тоа бил направен анекс на договорот според кој Модриќ имал плраво на исплата на 50 отсто од следниот трансфер.

Сега, Модриќ и Ловрен ќе сведочат за овие финансиски малверации поради кои Мамиќ е во затвор. Обвинителството за криминал и перење пари, наскоро се очекува да ги повикаат на сослушување и да ги испрашаат за сѐ, сооглед дека и двајцата моментно се на одмор во својата татковина.

Инаку, Мамиќ за малверзации со трансфери беше на пик и во минатото, кога натурализираниот Бразилец, Едуардо Силва премина во Арсенал.

Извор: Спортмедиа

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.