Како Меркел го „смести“ својот наследник

Владата на донеодамнешната германска канцеларка Ангела Меркел, која по 16-години на 8-ми декември се повлече од должноста, одобрила договори за извоз на оружје за рекорден износ од 9,4 милијарди евра, објави во саботата новинската агенција DPA, наведувајќи го одговорот од министерството за економија на прашањето на пратеничката од опозициската партија Левица, Севим Дагделен.

Претходниот рекорд според вредноста на договорите за извоз на германската наменска индустрија во сферата на одбраната беше забележан во предпандемиската 2019 година во износ од 8 милијарди евра кои ги одбри владата.

Истовремено, сега се забележува дека значителен дел од преговорите се одобрени во последените девет денови од владеењето на Меркел и биле наменети за една земја – Египет. Оваа северноафриканска земја така станува лидер по обемот на одобрените договори за набавка на производи од германската одбранбена индустрија, односно одобрени се набавки во износ од 4,34 милијардивра.

Притоа, како што се посочува во прилогот на DPA, заклучно со 29-ти ноември во оваа земја биле одобрените нарачки на германско вооружување и воена техника во износ од само 180 милиони евра.

Како што се одбележува во написот, „деликатноста“ на ваквиот развој на настаните лежи во тоа што владата на Меркел во тој период беше во статус на вршење на должноста до стапување на новата влада и според праксата во тој период владата не треба да носи далекусежни политички одлуки, особено кога следната влада веќе има јасно прокламирани поинакви гледишта за конкретното прашање. Но интересно е што во процесот на одлучување на нарачките бил вклучен и тогашниот вицеканцелар и министер во владата на Меркел, социјалдемократот Олаф Шолц кој ја наследи на канцеларската должност.

„Олаф Шолц во владата на заминување си дозволил вистински трик и јасно покажа дека критиките на социјалдемократите на сметка на непостојаноста во извозот на воената опрема, особено на диктатирите и авторитарните режими, остануваа без последици. Ова е тежок товар за владата на Шолц“, ја цитира агенцијата пратеничката Дагделен.