Како мозочните клетки се одговорни за сексот и агресијата

Американските научници во мозокот на лабораториските глувци откриле нервна поврзаност меѓу задната амигдала и хипоталамусот, која е одговорна кај машките примероци за сексуалната привлечност и агресијата покажуваат резултатите од истражувањето објавено во списанието Nature Neuroscience.

Неврофизиолозите веќе одамна занаат дека задниот дел од амгидалата, зад задниот крајник, има огромно влијание врз социјалното поведение, но до неодамна не беше познато за нејзината поврзаност со сексуалните афинитети. Тоа е мала жлезда во лимбичкиот систем, веднаш до хипокампусот,и амигдалата има улога во детектирањето на заканувачките стимулси, модулација на меморијаа и во сексуалното однесување.

Научниците од Медицинскиот центар Лангон при Универзитетот Њујорк и Калифорнискиот универзитет во Сан Диего забележале кај глувците како функционираат две одделни групи на мозочните клетки кои се одговорни за комуникацијата меѓу задниот дел на задниот крајник и делот со делови од хипоталамус, одговорни за сексот и агресијата.

Резултатите од експериментот покажале дека овие неврони кај мажот служат како своевидна „исклучиви“ состојби на нагон за парење и агресија, а исто така испраќаат сигнали меѓу деловите од мозокот кои заедно ги регулираат емоциите, вклучително и стравот и чувството на вознемиреност.

Одржувањето на сигналот во една групите, односно MPN сигнални клетки, доведло до тоа мажјаците продолжиле да покажувале загреаност за женките, што вообичаено не го правеле, а исто така можеле да се парат неколкупати со ред.

Блокирањето на другата група на VMHvl сигнални клетки, не ги направило лабораториските животинки смирени и по нивното активирање, напротив, станале необично агресивни, па дури ги напаѓале женките и познатите мажјаци.

„Нашите откритија даваат нов увид во важната улога која амигдалата ја има во стимулирањето на социјалното однесување, како што се сексот и агресијата“, се вели во соопштението на водачот на студијата д-р Такаши Јамагучи од Медицинскиот центар Лангон и Институтот за невронауки.

Во текот на студијата, научниците забележале актовност на келтките на крајникот во соседниот хипоталамус, каде што се наоѓаат структурите MPN и VMHvl кај повеќе од 100 машки глувци.

Авторите мереле колку често нервните клетки предизвикуваат сигнали природно во текот на денот на заморчињата. Тие откриле дека клетките за сигнализирање MPN биле најактивни за време на сексот, додека клетките за сигнализација VMHvl, биле најактивни во текот на соочувањата со другите мажјаци.

Потоа за секоја од двете групи клетки истражувачите ги потиснале или активирале невроните и бележеле колку често глувците се обидувале да се парат или да нападнат непознат мажјак ставен во нивниот кафез.

„Нашето ново разбирање за тоа кои клетки предизвикуваат сексуално и агресивно однесување треба да ни помогне да ги разбереме најдобрите мозочни цели за идните третмани на менталните нарушувања“, вели водечкиот автор на студијата, Даул Лин од Медицнскиот центар Лангон.

Научниците планираат да ги продолжат своите експерименти за да откријат како двете крупи нервни клетки кои ги идентификувале функционираат кај женките, какпо и колку резултатите од набљудувањата кај глувците може да се пресликаат кај луѓето.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.