Како недостигот на сон го менува лицето? (ВИДЕО)

Не се вели залудно дека ниту една шминка нема толку да го разубави лицето како квалитетниот сон.

Недостиг на сон негативно влијае на изгледот на лицето, капаците се спуштаат, се создаваат брчки и подочници.

Кожата пропаѓа затоа што засилено се произведува хормонот на стрес кортизол, кој го уништува колагенот во неа.

Исто така, ненаспиеното тело не лачи доволно хормон за раст, што е одговорен за раст на ќелиите и регенерацијата, па кожата станува се постара.

Професионалците со шминка им покажаа на младите луѓе како ќе изгледаат ако не спијат доволно.