Како обвинителката Стефанова купила стан од 70.000 евра, истражува Антикорупциска

Државната комисија за спречување корупција отворила постапка по допрен глас против обвинителката Лиле Стефанова која во периодот 2015/2016 година се стекнала со имот.

Се работи за ендвижнина во износ од 70 илјади евра, поточно стан купен на име на нејзината невработена ќерка кој бил исплатен во период од една година.

Како што претходно беше објавено, во случајот како купувач на станот се јавува лицето Рената Стефанова од Радовиш, ќерка на јавната обвинителка од Радовиш, Лиле Стефанова. За ова склучен е Договор за купопродажба на недвижност меѓу „Адора Инженеринг“ ДООЕЛ Скопје, како продавач, и Стефанова Рената од Радовиш како купувач.

Според некои медиуми, во текот на 2015 и 2016 година во целост е исплатена купопродавжната цена за стан, во износ вкупен од 4.480.525 денари со пресметан ДДВ или околу 70 илјади евра од страна на купувачот.

Оттаму, се поставува прашањето како успеала со обвинителска плата и ќерка која во тој период е навработена да купи и за само една година да исплати стан од 70 илјади евра?!

Ова прашање го наметнала и Атникорупциска комисија од каде велат дека по допрен глас на своја иницијатива покренале случај против обвинителката, пренесува порталот Доказ.

Антикорупциска врз основа на информациите објавени во повеќе медиуми го отворила предмет за поранешната обвинителка на Специјалното јавно обвинителство (СЈО).

Што се однесува до текот на постапката по однос на предметот, од Антикорупциска посочуваат дека сѐ уште работат случајот и поради зголемениот обем на работа за престојните локални избори и зголемениот број предмети е потребно време за Комисијата да донесе каква и да е одлука по однос на овој предмет.