Како понатаму, народе?

Премногу се занимаваме со политика, затоа што сме убедени дека токму тоа ни ја обликува реалноста и дека од неа ни зависи егзистенцијата.

Па, лефтерено формулирано држи до некаде, но колку? Во колективното сеќавање имаме време во кое егзитиравме, кое имаше премногу добри и премногу лоши страни, за да правилно ги перцепираме. Секако, никој не сакаше да поверува бесплатното не е бесплатно и кога тогаш сметката ќе стигне и кога ги снема парите- крв до колена. Здраво за готово го земавме времето во кое купувавме станови за ич пари или поточно на кредит на 30 години на чија рата не влијаеше инфлацијата, па така до крајот на исплатата вредноста беше минорна. Сите среќни.

Велат, чувство на сигурност имавме во тоа време, дека некој се грижи за нас. Знаете тоа е мое детство и никогаш ниту можам, ниту ќе се откажам од него, колку и да било лошо или добро и затоа си го почитувам, но тоа е срце ама и разумот го исклучивме? Деца растени во време на Црвените Кмери или Маовата Кина или Северна Кореа, со љубов говорат за убавото детство. Ние имамвме, за разлика од нив, ПРЕКРАСНО, ама буквално сите, разликите меѓу нас беа минорни, споредени со денешните. Чувство на сигурност. Од денешна дистанца, со длабоко разочарување, умот и логиката ми велат дека било лажно, невистинито, оти се базирало на купен мир, не како производ на реален трудот на нашите родители. И они поведени од леснотијата на системот кој им ја нудеше и кој не знаеше за подобро, оти економијата долгорочно е сериона наука која бара скоро волшебно визионерство. Ние едвај исполнувавме петолетки и неуспешни самоуправувања. Па и така, филингот беше подобар одошто е денес. Како само би посакал една лажна таква сигурност, како што денес ја имаат соросписките платеници и партиските поддржувачи на власта.

Некој се чуди за распродавање, па луѓе, некој мисли дека лагодниот живот, добриот хонорар не вреди име, идентитет, историја, и се што носи? Во нивната идеолошка срж е гола егзистенција. Постои само денес, нема утре, нема вчера, има само сега, нема емоција освен радост за донаторот и омраза за секој кој не мисли како нив. Заради такви квази-душебрижници, кои уште пред 30 години ги нареков дежурни моралисти за етника, религија, политика, сексуална оријентација, образование, уметност. Тоа е тоа, порозно канцерогено ткиво кое не умира, туку експандира јадејќи го организмаот, телото, а телото знае дека е негово иако дегенерично и не може да биде толку отровно кон себе, иако оно е. Го јадат жив небаре е кадавер за бели црви, се однсеува и Е – паразит. Тешко се бориш против тоа, овие накотени наши душебрижници се тука да секој кој не е нивни не помисли на лагодност, стрејтерот треба да се срами од она што е и да пази што ќе изговори, патриотот мора да шепка оти ќе биде прогласен за фашист ако покаже љубов кон името, историјата, верникот за религијата… не, не претерувам, дури и филувам, оти е полошо, а ние сме спекаткуалрно и само-релативизатори и проголтавме такви огавности да веќе нема назад. Ќе ни биде полошо и никој нема да може да го спречи тој пад. Знам зошто, го гледам тоа, сеедно е, но никој не ни е виновен освен самите.

Не можам да се изначудам со колку напади се соочува опозицијата – за секој пораз и промолчување на овој народ, за секоја навреда која му ја нанесуваат, за секое исклучување на струјата, секој извршител за минорна сметка – и на едните и на другите – виновна им е опозицијата!?!?

Дали сте нормални? Дали сте свесни дека утре, некој ваш близок и потомок ќе ви ги чита небулозите и од голема временска дистанца ќе рече: „па овој Јанко што говно од човек бил? Само пишувал на Фејсбук, а со прст не мрднал да направи промена, најмалку што можел е да се кандидира, да се обиде да направи нешто, барем за дигнитетот на своите деца“.

Попули, дури и од клиентелизам да сте во опозиција, имате морално право затоа што не секоја борба е улица и тепачки, денес се бара итрина и ум, а вие, драги коментатори, не ја покажавте. Дали мислам дека би можела подобро опизицијата? Да! Ама немам никакво право да кењам ни у колумна, оти ако сакам ќе застанам на говорница, на прес, или некое тело и ќе кажам ова и ова, вака треба, вака ќе правам. Не ова е време на вагинални монолози чија вина за реата ја бараат секаде освен во личната хигиена. Оваа опизиција и кога е најлоша е подобро одошто оваа власт која мора да се срфуши, ако скааме малку попуштање на овој хибриден режим кој гуши, не само политички туку пред се еконосмки. Ониј систем беше на лажни основи, да беше на здрави никогаш немаше да се сруши и распадне, но барем истера неколку генерации, пола век, овие не можат ни еден мандат да му дадат барем малку дерман на народот. А народот да се преслуша и да одлучи со кого ќе се занимава?
Дали вашите животи зависат од одлуките и делата на опозицијата? Сеако не! На опозицијата е да се врати на власт!

Добро е да дојде промена, ама буквално е добро за сите. Да се покаже сила на демократијата и конечно да се види и почувствува дека никој не е вечен на политичката сцена.

Автор: Јанко Илковски за НетПрес