Како правилно да го користите клима уредот

Денешно време на изразити климатски промени, употребата на климите и не е луксуз, туку едноставно понекогаш се потребни.

Кога почнува периодот на летните горештини, што е сигурно е дека секој ќе вклучи клима уред, а не месеци да ги толерира високите температури. Нема причина да не го изладите просторот во кој престојуваат вашите деца. Но, за да немаат здравствени проблеми поради користењето на климата, треба да се испочитуваат неколку важни правила.

Проверете ја исправноста на климата. Најдобро е редовно да ги извршувате препорачаните сервиси пред да се појави проблемот. Ако почувствувате необичен мирис или слушнете некој чуден звук од моторот на клима уредот, потребно е веднаш да се исклучи и да се направат потребните поправки.

На почетокот на сезоната потребно е да се исчистат или заменат филтрите на климатизерот. Ако филтрите се извалкани, бактериите и габите се размножуваат, кои потоа се шират по станот.

Прилагодете удобна температура. Правило е температурната разлика во однос на надворешната да не биде поголема од 5 до 7 степени. Ова правило е тешко изводливо ако надвор е 40 степени. Во тој случај, поставете го клима уредот на температура која ќе одговара на сите.

о децата не излегувајте “одеднаш” од климатизираните соби. Голема и брза промена е шок за секој организам, па дури и за децата. Ако е планирано да се излезе, исклучете го климатизерот петнаесет минути порано. Ако сте во брзање, останете во ходникот бар пет минути. Истото важи и за влегување во разладена просторија.

Водете сметка климата да не дува директно во децата. Наместете ги крилцата на уредот така, никој да на биде изложен на директно струење на ладниот воздух.