Како се селектирани експерите за владината јавна дебата за уставните промени

Транспарентнoста е важна работа, џабе работиме ако граѓаните за тоа не знаат„ оваа изјава на премиерот е повторена неколкупати, но во практиката денешната јавна дискусија за уставните измени е само уште еден доказ дека важи, но селективно – кога се во прашање истомисленици на власта, бидејчи на денешната и на сите останати дебати сите учесници, кои се директно поканети од власта, се само експерти кои го поддржуваат Преспанскиот договор и уставните измени, се наведува во прилогот на телевизија Алфа.

Ако процесот е транспарентен и е јавна дискусијам се поставува прашањето зошто ги нема видните уставни познавачи кои го критикуваа договорот?

„Не би се согласил дека на дискусиите има само поддржувачи на власта, има имиња и на професори блиски до опозицијата, па дури и високи функционери“, вели Бошњаковски алудирајќи дека наводно во дискусијата се учесници професори блиски до опозицијата,

На тоа владиниот портпарол беше прашан дали се поканети професорите кои отворени се критични во однос на договорот со Гриција за промената на уставното име на земјата, како и за промена на уставните амандмани, како што се универзитетските професори Билјана Ванковска, Димитар Апасиев, Гордана Силјановска и други.

„Ја користам оваа прилика отворена покана да испратам до сите граѓани кои сакаат да учествуваат да го направат тоа,“ додаде Бошњаковски.

Иако премалку за вакво клучно прашање како ова,. јавната дискусија требаше да трае пет работни дена, на крајот се сведе на четири. Причините за тоа, како што рече Бошњаковски, биле технички.

Првата дебата требала да биде вчера, но бидејќи објавата на собраниските заклучоци стигнала доцна и требала да се објави во службен весник, денови за дискусија остануваат само четири.
Од имињата кои Владата директно ги поканила се професорите Љобомир Фрчковски, Владо Камбовски, Беса Арифи и Владо Поповки, а говорници се и премиерот Зоран Заев, вицепремиерот Бујар Османи, министрите Никола Димитров и Радмила Шекеринска.