Како секое утро да се разбудите со совршена фризура?

Колку би било добро секое утро да се разбудите со совршена фризура. Иако ви се чини дека е невозможно, сепак постојат неколку трикови коишто можат да ви помогнат во тоа.

Првото и основно правило што морате веднаш да го испочитувате е мошне едноставно, а тоа е памучната перница да ја замените со свилена или сатенска.

Дури и ако си легнете со совршено исфенирана коса, памукот во текот на ноќта ќе расипе сѐ, затоа што ја упива влагата од косата и ќе ја направи посува и кршлива. Исто така доведува и до триење, а со тоа и до кршење и кинење.

Брановидна коса

Доколку отсекогаш сте сакале да имате брановидна коса, сѐ што е потребно на измиената и исушена коса пред спиење да нанесете малку пена, долж целата коса и потоа да ја сплетете во цврста плетенка.

Волумен

За да го сочувате волуменот што го имате на косата не ви е потребен ниту супер фен, туку само три витлери. Земете витлери со средна величина и извиткајте ја косата на средината од главата, попрскајте ја со некоја полесна верзија лак и тоа многу малку. По спиењето остатокот од косата извиткајте го со четка за виткање, а потоа тргнете ги витлерите.

Целосно рамна коса

Измиената и исушената коса израмнете ја со пена за коса, а потоа заврзете ја и завиткајте ја во сатен. Вашата коса и наутро ќе биде рамна и ќе биде доволно само малку да ја поправите со пегла.