Како штеди Ангела Меркел?

Најмоќната жена на светот на повеќе офпицијални прослави  повеќе пати е видена во иста комбинација на гардероба.

Кога Меркел кон крајот на минатиот месец се појави на оперски фестивал посветен на Ричард Вагнер во плав комплет, на многумина им падна во око дека истиот комплет го носела минатата година на тој настан.

Фотографиите од 19996, 2002 и 2009 година покажуваат дека политичарката во текот на 13 години во својот гардеробер ја задржала елегантната шарена туника една од многубројните работи кои се разликуваат од строгите сакоа. Омилено и е зеленото сако од кое не се одвојува веќе пет години.

Поради фактот дека не се расфрла со пари, го доби прекарот „скромна мајка на нацијата“, но има и такви кои сметаа дека и е време за шопинг.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.