Како стана Македонија непријателска земја на Русија?

Јавна објава на „Македонски манифест“ до македонскиот народ

Како стана наеднаш Македонија непријателска земја на Русија?
Ова е екстремно важно прашање драги неодродени од родот Македонци на кои ви е туѓо тело, диво месо оваа ненародна власт. Како се најде преку ноќ Македонија на црната листа на Путин. Земји кои се обидуваат да ја стигматизираат и понижат Русија, воведувајќи ѝ секакви санкции, дури и од областа на спортот, културата и комуникациите, обидувајќи се неа целосно да ја изолираат од западната супрематистичка и арогантна цивилизација, а по можност и од целиот свет. Такви санкции на Големата матушка воведе без размислување и малечката Македонија, поточно нејзината амеро и европолтронска влада. А всушност тоа се според логиката на нештата, парадоксално, санкции на македонскиот народ, оти зелките, праските и другите производи што одеа за Русија сега ќе скапат. Нема ни Брисел, ни Вашингтон да ги откупат, нити им е гајле за нашата сиромаштија.

Министерот за надворешни кој за наша (не)среќа е наш мост за „разбирање“ со Бугарија и Русија што ни се сега во фокусот на нашето внимание изјави посупериорно и од Бајден: „Нашата позиција во контекст на оваа агресија (кон Украина н.з.) е јасно искажана“. Потоа го викна и амбасадорот на Руската Федерација кај себе да го „испегла“ и искара, врачувајќи му нота, нагласувајќи му дека „нашата позиција е усогласена со позицијата на ЕУ и САД“.

Тоа е вистината на Османи и нордистанската марионетска влада управувана на копче од Кале како куклен театар. Но ние сме должни по којзнае кој пат на нив да им кажеме што направија и ЕУ и САД и НАТО за Македонија. Тие заедно ги ставија Македонците во идентитетска мртовечница со насилното преименување во Преспа 2018.

Пред тоа, пак, за таа цел тие ја донесоа фашистичката Лисабонска декларација, посегнувајќи и кон деструкција на македонскиот устав и забрана на знамето. Потоа во 2001 година го подржаа албанскиот тероризам против Македонците и плус ги донесоа терористите во владата и парламентот по потпишувањето на понижувачкиот Охридски договор. А потоа дојде и Тиранската платформа за двојазичност изготвена од ЦИА за целосна стигматизација на македонското национално битие и уривање на македонскиот државен и национален суверенитет. Така ли товариш Османи? Така ли товариш Ковачевски, што ја бетонирате, наследувајќи ја, марионетската за Македонците понижувачка и смртоносна политика? Оти станува збор за целосно одродена од народот влада, која нема поим за македонската колективна болка, генеза и идентитет. До таа мерка што дури и нордистанскиот претседател (Пендаровски) удобно сместен во палатата на Водно, не знае дека најсветлата новоисториска македонска личност Гоце Делчев е Македонец, па јавно изјави дека е тој етнички Бугарин. И остана жив!
Тоа е болната вистина. Оти ни Османи (тој најмалку), ни целата нордистанска влада не сакаат да сфатат дека, имено, како во Првата и Втората светска војна фашизмот повторно доаѓа од Запад. А тој почна многу рано, речиси веднаш по Втората светска војна со американските бомбардери на македоноубиецот Черчил 1948 што ја чистеа со смрт врз Македонците Егејска Македонија за Грците „лицем светци, срцем волци“, како што велеше Прличев.

Македонски манифест им кажува на Османи, Ковачевски и другите нордистански марионетски кукли во владата дека Македонците се родствено поврзани и со Русите и со Украинците како братски народи што пиеле во древноста од ист извор и што се фиданки на иста идентитетска лоза, што не е случај со арогантните европејци на колонијалистичките сили и со Јенките, модерните каубои на светот, кои извршија идентитески геноцид над Македонците и сеуште ги доуништуваат на тој план со ту отвореното, ту премолченото поддржување за таа цел на бугарската хиена.
Тоа е вистината. А што се однесува до црната листа на Путин за земји непријатели на Русија, Османи, Ковачевски, Пендаровски и целиот нордистански државен куклен театар треба да знаат дека таа црна листа во нашиот случај ги подразбира, имено, нив но не и македонскиот народ (Македонците), оти некои последни анкети покажаа дека над 60 проценти Македонци се за сојуз со Кина и Русија, а не со ЕУ, САД и НАТО, на што се изначуди претседателот Пендаровски, па за малку што не заплака. Оти има и еден друг податок што ги поврзува Русите и Македонците. Имено, само кај нив во Европа за време на Втората светска војна немало фашистички движења. А тоа не е мала врска. Русите го знаат тоа. Го знае и Путин и руската Дума и затоа товариши Османи, Ковачевски, Пендаровски и останати нордистански марионетски кукли на Калето во владата и парламентот знајте дека сте вие на нивната црна листа а не македонскиот народ, кој добро ја прочита и вашата и перверзијата на Западот во неговата идентитетска ликвидација.
Смрт на фаѓизмот, слобода на народот!