Како тоа според Заев се поништил фалсификат пасош на Пекер?

Покрај за водачот на Шкаљарскиот клан Јовица Вуковиќ за кој Заев рече дека не знае кој е, премиерот вчера даваше нелогични одговори и за друг криминалец, Седат Пекер од Турција. Заев трди дека не е точно оти Пекер има македонски пасош и лична карта, пишува Република.

-Има издадено фалсификат кој фатен од страна на МВР и е поништен. Maкедонскиот пасош е светост и се знае по кој закон може да го добие. Фалсификуван е од страна на Пекер, тој беше избркан од страна на државата-објаснуваше Заев.

Пекер има сосема легитимен македонски пасош на име Џадин Адемовски. Вистинскиот Џадин живее во Чаир и веројатно никогаш не извадил патен документ и затоа е избран неговиот идентитет и ставена фотогафија од Пекер за која тој сосема нормално и без криење се сликал во полициската станица во Драчево.

Затоа не држат вода оправдувањата на Заев дека документите на Пекер се поништени од страна на МВР.

Она што е јасно е дека Пекер неколку години слободно престојуваше во Македонија па дури имаше и обезбедување. Тој се шеташе на Матка, по кејот, а се среќаваше и со луѓе од владејачката коалиција.

Врвот беше кога Пекер откри дека лично се познава со премиерот Заев и оти бил во неговиот дом.

 

-Го познавам македонскиот лидер, сум бил дома кај премиерот-велеше Пекер

-Јасно е кој дал наредба Седат Пекер да добие македонски пасош со украдениот идентитет Џадин Амедовски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.