Како ВМРО-ДПМНЕ ја градеше, а СДСМ се закануваше дека ќе ја урива Северната трибина (ФОТО СТОРИЈА)

Некогашниот потпросечен за европски стандарди Градски стадион во Скопје, денес „Арена Филип Втори“ денеска е центар на фудбалскиот свет, а СДСМ и од нив поддржаниот градоначалник на општина Центар Андреј Жерновски се закануваа дека ќе ја урнат по децении изградената Северна трибина, потсетуваат фотографиите во пресрет на мечот меѓу победниците на Лигата на шампионите и Лига Европа, Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед.

Арената Филип Втори денес е еден од најмодерните стадиони на Балканот, а ги исполнува сите услови на УЕФА за организирање натпревари од највисок ранг каков што е Суперкупот. Потврда за тоа денеска официјално стигна и од УЕФА, од каде велат дека Македонија ја оправдала довербата, пишува Курир.мк

stadion-640x535

Сите го паметиме поранешниот Градски стадион кој имаше само една голема трибина, јужната, а сега собира 33.000 гледачи, се потсетува

„Илуминација слична на минхенската арена ‘Алијанс’, капацитет од 33.000 гледачи, нова атлетска патека и повеќе од 22.000 квадратни метри поттрибински простор каде што ќе бидат сместени разни содржини. Ваков изглед ќе добие Градскиот стадион до пролетта 2011 година, најави Ивица Коневски, тогашен директор на Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор, кој тогаш информираше дека е распишан тендер за најавените содржини на стадионот, на кој пак интензивно се гради северната трибина, вака медиумите во 2008 година ја најавуваа изградбата на модерниот стадион.

Во 2011 година беше пуштена во употреба реконструираната Национална Арена „Филип Втори Македонски“.

ФОТО: build.mk
ФОТО: build.mk

За премиерот Никола Груевски, изградбата и реконструкцијата на стадионот беше доказ дека Македонија знае да гради и знае да победува.

„Ова е дело. Националната Арена Филип Втори Македонски е дело коешто не може да биде избришано. Тоа е ваше дело, на сите граѓани на Република Македонија, на оваа генерација на Македонци, на Албанци, на Турци, на Срби, на Роми, на Власи, на Бошњаци и на сите останати. Тоа е ваше дело. Затоа бидете горди и славете го спортот славете го фудбалот“, рече тогаш премиерот Груевски, кој ја прогласи арената за отворена во присуство на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски и Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.

kolaz1234

„Она што им недостасуваше на изминатите генерации, успеавме да го создадеме за идните. Успеавме да создадеме европски и светски стадион, арена во која ќе ги пречекуваме големите фудбалски клубови и репрезентации и ќе се одржувааат атлетски натпревари. Ќе споделуваме и радости и порази. Но како и да е, тоа ќе го правиме на достојно ниво“, рече Владимир Бахчовановски тогашниот директор на Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор кој го запени Ивица Коневски кој во меѓувреме стана градоначалник на најмладата скоспка општина Аеродром која исто така за кусо време претрпе големи промени во вистинска урбана потребите на средина која целосно ги задоволува потребите на нејзините жители.

За финалниот изглед на стадионот беа потребни три години, откако во 2008 година започна изградбата на Северната, а во 2009 на Западната и Источната трибина, како и реконтрукцијата на постоечката Јужна трибина, која е изградена во 1980 година. За реализација на проектот се потрошени две милијарди денари.

Јавноста ги памети и опструкциите од тогашната опозиција. Андреј Жерновски и СДСМ беа против изградбата, протестираа и велеа дека северната трибина ќе паднела.

stadioni-640x223

 

 

 

 

 

 

За среќа тоа не се случи, па денеска на Арената „Филип Втори“ ќе се појават ѕвезди како Кристијано Роналдо, Герет Бејл, Фелаини, Пол Погба, но и тренери како сер Алекс Фергусон, Жозе Мурињо и Зинедин Зидан.

Инаку, Жерновски во 2009 година изјави дека немал доверба во безбедноста на Северната трибина. „Немам доверба во безбедноста на новоизградената трибина, па затоа со синовите ќе го следам натпреварот од спротивната страна. Не сакам ништо да ризикувам, посебно затоа што одам на стадион со децата“, изјави тогаш Жерновски.

zernovski
За сево ова што се случува во последните неколку денови најзаслужни се Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и поранешниот премиер Никола Груевски, како и претседателот на Фудбалската Федерација на Македонија, Илчо Ѓоргиоски. Освен организацијата на Суперкупот, Ѓоргиоски е најзаслужен и за пласманот на младата фудбалска репрезентација на Европското првенство во Полска, каде што за прв пат македонска репрезентација настапуваше на едно големо натпреварување.

fokus-640x366

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Историјат на Национална Арена Филип II Македонски

Во 1947 година започнува изградбата на “Градски Стадион Скопје“ сместен во Градски парк помеѓу двете омилени кафеани на скопјени, Кермез и Опатија и со капацитет од 15.000 гледачи, распоредени во две трибини за седење и две трибини за стоење. Веќе во почетокот на седумдесетите години се појавува и првата потреба за реконструкција и доградување согласно зголемените барања на стандардите за игра, како што е поставување на осветлување за одржување на вечерни утакмици, и покривање на дел до гледалиштето со поставување на кровна конструкција. Така оваа прва фаза започнува во 1978 година и во периодот од две ипол години се реализира Јужна трибина со што го добива и денешниот изглед на трибината и капацитет од 9.800 места за седење. Во почетокот на осумдесетите години од минатиот век се поставуваат и четирите столба со рефлектори кои обезбедуваат осветленост од 750 luxa на теренот кои за тоа време преставувало и врв на тогашните можности и потреби за играње на вечерни натпревари, но недоволни за спроведување на квалитетни ТВ преноси. Со пставувањето на дополнителни рефлектори под кровната конструкција на Јужна трибина се добиени дополнителни 200 luxa со што е дојдено до вкупни 950 luxa.

kolaz-sali

На 05 Декември 2006 година, Владата на Република Македонија со одлука бр. 19-6111/1, одлучува да се почне изградбата на Северна трибина на Градски Стадион, со што започнува и целосната реконструкција на стадионот кој денес полека го добива својот финален изглед. Во текот на 2007 година се изготвува проектната и тендерска документација за рушење и изградба на старата Северна трбина од Градски Стадион Скопје. Реализацијата на овој дел од проектот беше планиран и изведен за 18 месеци од почнувањето. Активностите за рушење на Северна трибина започнаа на 04 Јануари 2008 година и изградбата на трибинскиот дел за публиката со сите потребни приоди и санитарни јазли заврши на 02 Август 2009 година.

akademija-640x427

Денешниот капацитет на Северна трибина го достигна бројот од 10.338 седишта. Со ова, Северна трибина стана и главна трибина со централна ложа за ВИП гости со 494 седишта и новинаски дел со 248 новинарски места и 9.596 седишта за гледаите распоредени во 12 сектори. Со изградбата на Северната трибина се добија и нови простории како соблекувални за играчите, судиите и делегатот, простории за новата механизација за одржување на тревната површина, управата на стадионот, ВИП и ВВИП простор, контролна просторија во која е сместена опремата за видео надзор на стадионот, командување за осветлување на стадионот, простории за ФФМ и УЕФА, нови санитарни јазли за публика, простори за прва помош за фудбалери и гледачи. Оформен е целосен прес центар за работа на новинари и фоторепортери како и сала за состаноци и прес конференции. Во делот на ВИП просторот се навоѓа и ресторански простор за освежување на гостите пред натпреварот како и за време на полувремето. Со изградбата на северната трибина се замени и целосното осветлување, се отстранија четирите столба за рефлектори и се поставија 144 нови рефлектори по ободот на северна и јужна трибина со што се добива и рамномерно остветлување без сенки и степен на осветленост од 1.500 luxa со што се овозможува и квалитетен тв пренос во HD резолуција. При изградбата на северна трибина беа применети и најновите стандарди на ФИФА и УЕФА во поглед на безбедноста на публиката и брзата евакуација од трибините надвор од стадионот. Согласно димезионираните излези, северна трибина и сите дуги трибини, можат безбедна да бидат напуштени за само 7,5 минути, што ги задоволува и најстрогите светски стандарди. Поставени се и безбедносни противпожарни системи за дојава и за гасење на пожари.

arena-

Во поглед на зголемениот конфор на гледачите на северна трибина се изведени повеќе групи на санитарни јазли со машки и женски тоалети како и тоалети за лица со посебни потреби.

Во склоп на Северна трибина изведена е интерна улица која овозможува безбено донесување и однесување на фудбалските екипи до соблекувалните. Тука се и просториите за судии и тренери на екипите како и медицински екипи. Во приземјето е сместен и прес центарот за новинари и фоторепортери како и салата за прес конференции. Северна трибина со дел од подтрибинскиот дел беше свечено пуштена во употреба на 02-08-2009 год.

Уште во периодот кога се одвиваше изградбата на Северна трибина, се пријде кон изготвување на проектна документација за изградба на Источна и Западна трибина, реконструкција на Јужна и реконструкција на теренот со атлетските борилишта, како целина.

Отпочнувањето на работите за изградба да Источна и Западна трибина започна на 08-09-2009 и двете трибини бе предадени во употреба на 24-04-2011 година. Со тоа се добија комплетно нови трибини со капацитет од по 5.962 седишта или вкупно 11.924 гледачи на двете трибини и по шест санитарни јазли на секоја трибина.

filip-vtori-640x480Со изградбата на новата кровна конструкција се поставија и уште 70 дополнителни рефлектори со што се доби и ново осветлување на атлетската патека а дел и за појачување на тревнатиот дел од стадионот така да со последните мерења на стадионот се достигна осветленост од 1.900 luxa. На двете триби се инсталираа и по еден видео бим на кој може да се врши и тв пренос, репризирање на настани и објавување на резултати. Во текот на 2014 година се пријде кон реализација на фасадното обликување со илуминација на Источната трибина со што започна да се добива и финалниот изглед на стадионот. Изведени се и по две скалишни јадра кои служат за брза евакуација на публиката од стадионот надвор.

Јужна трибина беше реконструирана во текот на 2010 година, со што беше комплетно заменет покривот на трибината, реновирани самите бетонски елементи, како и изведба на комплетно нови санитарни јазли за потребите на гледачите. Со самата реконструкција беа опфатени и старите соблекувални кои сега ги користи ФК Вардар, и се добија 10.713 места за седење со што се доби вкупниот капацитет на стадионот од 32.233 гледачи 494 ВИП ложа и 284 новинари или 33.011 седишта. Со оваа бројка Национална Арена Филип II Македонски се вбројува во средно големи стадиони.
Како последен дел од реконструкцијата на стадионот беше опфатен самиот терен со атлетските борилишта. Се изведе комплетно нов дренажен систем за прифаќање на дождовните води, нов систем за автоматско полевање на теренот, систем за греење во зимски период на теренот за играње со сопствена котлара. На тој начин нема да дојде до замрзнување на кореновиот систе и во исто време ќе се врши оттопување на евентуалната снежна покривка. Воедно греењето на теренот се прави и да не дојде до замрзнување на лисната маса од тревата која пак во зимски услови може да ги повреди фудбалерите при лизгачки стартови. Беа реконструирани и сите атлетски борилишта со атлетската патека, со што се доби и стадион кои ги задоволува сите светски стандарди за одржување на еден меѓународен атлетски собир од евопски сиветски ранг. Воедно бееше поставен и комплетно нов бусен врз кој се одиграваат сите натпревари од репрезентацијата на Република Македонија како и сите клубски натпревари. Дури слободно можеме да кажеме дека Националната Арена Филип II Македонски е двојно повеке искористена од нормалните светски стандарди. Од досегашните сознанија е дека на еден стадион треба да се играат од 35-40 утакмици во една сезона од 10 месеци, ние имаме и до 60 утакмици за истиот период.

Завршувањето на Северна трибина беше прославено со одигрување на пријателски натпревар помеѓу репрезентациите на Македонија и Шпанија, каде што стадионот беше исполнет до последното место и многу љубители на фудбалот останаа пред вратите без билет. На овој натпревар беше соборен и рекордот на посетеноста на стадионот кога имаше околу 27.000 гледачи, но со старите источна и западна трибина.

После тоа следат и мечевите со Ерменија, Русија, Република Ирска, Шкотска, Велс, Белгија, Србија, Хрватска. На овие утакмици во просек имаше меѓу 4.000 до 5.000 гледачи.

gradski

По повод 8-ми Септември – Денот на независноста на Република Македонија 2012 година се одржа прослава на Национална Арена Филип II Македонски, кога на трибините и теренот имаше речиси 50.000 посетители, што преставува и своевиден рекорд на посетеност.

Во следниот циклус на натпревари на репрезентација на Македонија се одиграни утакмици со репрезентациите на Луксембург, Словачка, Белорусија и Австралија, каде посетеноста беше меѓу 5.000 и 7.000 гледачи.

Во јуни 2014 година на стадионот се одржа и концерт на пеачот Жељко Јоксимовиќ кога имаше меѓу 40.000 и 45.000 посетители, на три трибини и на теренот.111-640x480

1-1-640x360

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.