Како западните санкции може да ја погодат Русија?

САД и нивните сојузници го координираат воведувањето на новите санкции против Русија, откако Москва ги призна како независни држави одметнатите проруски региони на истокот на Украина.

Државите членки на Европската унија, исто така, разгледуваат санкции, а германскиот канцелар Олаф Шолц веќе објави дека како одговор на руската постапка на неодложено време е суспендирано сертифицирањето на руско-германскиот гасовод Северен тек 2.

Но иако веќе подолго време санкциите се подготвени, како што тврдеа во Вашингтон, Лондон и Брисел, тие засега не се јавно објавени но се претпоставува дека ќе бидат насочени кон неколку стратешки важни сектори за Русија.

 

Банки и финансиски институции

Некои помали руски државни банки веќе се под западните санкции, како на пример „Банка Русија“ која САД ја санкционираа во 2014 година поради наводно блиски врски со функционери во Кремљ.

Според извори од администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден, подготвени се сеопфатни мерки за наносување штети на руското стопанство со кои би биле прекинати односите меѓу одредени руски банки и американски банки кои овозможуваат меѓународни плаќања.

Вашингтон, исто така, ќе ја користи својата најмоќна алатка за санционирање одредени руски поединци и компании, така што ќе ги стави на листата посебно означени државјани (SDN) и со тоа ќе ги исфрли од американскиот банкарски состав, ќе забрани нивно тргување со Американци и ќе им ги замрзне имотите во САД.

Агенцијата Reuters наведува, повикувајќи се на неименувани добро упатени извори, дека можни цели се „ВТБ Банка“, „Сбербанк“, „ВЕБ“ и „Газпромбанк“. Нејасно е дали руските банки би биле додадени на листата SDN, но и двата типа санкции би можело тешко да ја погодат Русија и да ги отежнат трансакциите изведувани во американски долари, велат соговорниците на агенцијата.

Најголемите руски банки се длабоко интегрирани во глобалниот финансиски систем, па санкциите би можело да бидат почувствувани и далеку надвор од границите на Русија. Според податоците на Банката за меѓународни порамнувања (BIS) европските кредитори држат огромен дел од вкупно 30 милијарди долари колку што изнесува изложеноста на странските банки на Русија.

Според податоците на руската централна банка, вкупната странска актива и странската пасива на руските банки изнесува 200,6 милијарди долари, односно 134,5 милијарди долари, при што 53 отсто од активата и пасивата се во долари. Тоа е намалување во однос на 76 односно 81 отсто од пред две децении.

Британија минатата седмица се закани дека на руските компании ќе им оневозможи набавување капитал во Лондон, европскиот финансиски центар. Премиерот Борис Џонсон рече дека потанцијалните санкции би биле насочени на руските банки и руските компании.

 

Санции за поединци

Санционирањето лица со замрзнување на сопственоста и забрана за патувања се вообичаените средства, но САД, ЕУ и Велика Британија веќе имаат воведено такви санкции против повеќе руски државјани. Европската унија во понеделникот воведе снакции против пет лица кои учествувале на руските парламентарни избори во септенври 2021 година на Крим, црноморскиот полуостров кој по превратот во Киев во март 2014 година се просоедини на Руската Федерација.

Додека САД порано го користеа системот SDN во минатото за санкционирање на означените руски бизнисмени, последните години се попретпазливи по ова прашање откако санкциите од 2018 година против сопственикот на „Русал“ предизвикаа големо зголемување на цените на алуминиумот на светските пазари, поради што Вашингтон ја повлече таа одлука.

Според предлогот на демократите во американскиот Сенат, кој беше претставен во јануари, предвидени се санкции против високите функционери во руската влада и војска, вклучително и за претседателот Владимир Путин, додека американскиот претседател Џо Бајден рече дека е подготвен да разгледа лични санкции против рускиот колега.

Москва тогаш порача дека таквите санкции воопшто не би му наштетиле на Путин зашто нема значителна сопственост, посебно не во странство, но дека би биле „политички деструктивни“.

Велика Британија, каде живеат многу богати Руси кои ја напуштија татковината особено по доаѓањето на Путин на власт, се закани дека ќе ги разоткрие сопственостите и сопствеништвото на компаниите на британска територија доколку Русија ја нападне Украина, а премиерот Џонсон рече дека постои „проблем со руските пари“ во Лондон.

 

Ограничување на извозот на чипови

Белата куќа ѝ порача на американската индустрија на чипови да биде подготвена за нови ограничувања на извозот во Русија доколку Москва ја нападне Украина, вклучително и блокирање на рускиот пристап до глобалните резерви.

Сличните мерки САД ги применуват и во текот на идолошката блоковска Студена војна, кога технолошките санкции требаше да го држат Советскиот сојуз технолошки заостанат и да го ограничат неговиот економски раст.

 

Енергетика и Северен тек 2

САД и ЕУ веќе имаат на сила санкции против рускиот енергетски и одбранбен сектор, а државната гасна компанија „Газпром“ и нејзиниот нафтен огранок „Газпромнефт“, како и произведувачите на нафта „Лукоил“, „Роснефт“ и „Сургунтнефтгаз“ се соочуваат одамна со разни видови западни санкции при увозот и извозот и задолжувањата.

Санциите кои позначително не влијаеја врз работата на споменатите компании, сега би можело да се прошират и продлабочат, а една од можните опции би била да се спречат компаниите да се подмируваат во американски долари. Проблематично е што станува збор за многу големи суми, што може да влијае врз глобалниот валутен пазар.

Кон крајот на минатата година завршениот руско-германски гасовод Северен тек, го чека сертифицирањето од германската Федерална мрежна агенција кое во понеделникот беше одложено на неодложено време. Зависноста на Европа од руските енергенси, на над повеќе од 40 отсто, ги слабее опциите на Западот во текот на разработката на сакнциите во овој сектор.

 

Исфрлање на Русија од SWIFT

Една од најстрогите мерки би била исклучување на Русија од SWIFT, меѓународниот систем за финансиски трансфери кој го користат повеќе од 11.000 финансиските институции во речиси сите земји во светот.

Од SWIFT во 2012 година, во рамките на меѓународните санкции беа исклучени иранските банки поради развојот на иранската нуклеарна програма. Според процените на тинк-тенкот Carnegi, Иран со тоа загубил половина од приходите од извозот на нафта и 30 отсто од приходите од меѓународната трговија. Но подоцна избија низа афери со европски банки кои учестувале во прикриени трансфери со Иран, а ЕУ подготви нов механизам за да го замени откако САД по истапувањето од нуклеарниот договор од 2015 година наметнаа иста мерка.

Од западните земји САД и Германија би биле најмногу погодени од таквиот потез, бидејќи нивните банки се најчестите корисници на SWIFT-от при трансакции со руските банки, проценуваат во Carnegi.

За исфрлање на Русија од SWIFT се дискутираше и во 2014 година, поради што Русија разви алтернативен систем SPFS. На овој систем отпаѓаа околу петтина од трансакциите во Русија во 2020 година, според податоците на тамошната централна банка, кој сака тој удел да го зголеми до 30 отсто во 2023 година. Меѓутоа, SPFS не успеа позначајно да се афирмира по прашањето на глобалните транскации, но непознато е дали би можел да направи пробив во новонастанатите услови.

 

Суверениот долг

Пристапот до руските обврзници речиси цела деценија станува сѐ поограничен, а санкциите би можеле дополнително да ги заостри со забрана на тргување со новите еврообрзници на секундарниот пазар, но не и на примарниот и со новите обврзници во руски рубљи познати како ОФЗ.

Уште во април 2021 година Бајден им забрани на американските инвеститори да купуваат нови обврзници во руски рубљи поради обвинувањата дека Москва наводно се мешала во американските избори.

Санкциите воведени во 2015 година го направија идниот руски долг во долари несоодветен за многу вложувачи и за клучните берзански индекси. Русија истовремено забрзано се растоваруваше од поседот обврзници, а таквите мерки го намалија надворешниот долг на Русија од 33 отсто од почетокот на 2015 година од 733 милијарди долари на 489 милијарди долар во третиот квартал од 2021 година.

Помалиот надворешен долг првично го подобрува билансот на земјата, но во продолжение може да ја лиши од извори на финансирања кои можат да придонесат за економскиот раст и развој.