Како жените во брак се одлучуваат за неверство?

Жените во брак кои решиле да изневеруваат многу добро знаат што сакаат, не бараат љубов за цел живот од љубовникот и најверојатно веќе не веруваат во целата бајка за принцот на бел коњ.

Жените во брак кои од некоја причина се разочарале во својот партнер често почнуваат да изневеруваат бидејќи сакаат повторно да се чувствуваат привлечни и посакувани.

Неодолива привлечност
На овие жени им недостига повторно да се чувствуваат привлечно. Мажот кој може да им ја разбуди фантазијата, ќе поттикне во нив нешто неочекувано. Тие нема да паднат на вулгарност и перверзија, туку на маж кој ќе ги инспирира. Ако мажот успее да поттикне фантазија за интимност кај жената, големи се шансите дека таа жена ќе се одлучи за неверство.

Маж кој прави жената да се чувствува добро
Жените кои сметаат дека се земени „здраво за готово“ од нивните брачни партнери и кои повеќе не добиваат комплименти и внимание, стануваат несигурни во својот изглед и се прашуваат дали уште се интересни некому. Кога ќе го добијат тоа внимание и потврда за нивната привлечност, се чувствуваат добро и сакаат да го „наградат“ таквото однесување.

Дискреција
Љубовникот не губи речиси ништо, но жената која изневерува ризикува многу. Ако мажот со кој таа размислува дали да има афера ѝ покаже дека ќе ја заштити нивната врска, дека нема да ја наруши нејзината интима и приватност и дека ништо нема да излезе од четирите ѕида во кои се одвива аферата, таа полесно ќе се одлучи да го направи чекорот кон неверство.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.