Каква е работната недела нa лицата со над 40 години?

Работата може да ги стимулира мозочните клетки, но не се постигнува истиот ефект, доколку имате 30 или 40 години.

Една австралиска студија покажа дека луѓето кои имаат над 40 години се најпродуктивни ако работат три дена неделно.

– Во средните животни години скратеното работно време може да биде ефикасно од повеќе причини, но прво поради одржување на здрава когнитивна способност, вели професор Колин Мекензи, еден од тројца автори кои работеле на студијата.

Дека тридневната работна недела е идеална за работниците постари од 40 години потврдија и другите истражувачи на студијата.

Имено, кај учесниците во експериментот, когнитивниот ефект кај луѓето во повозрасни години од животот прво бил подобрен откако работната недела била зголемена до 25 часа. Меѓутоа, кај луѓето кои работеле повеќе од 25 часа неделно, вкупниот ефект бил намален поради засилената исцрпеност и стресот.

Во експериментот учествувале 3.000 мажи и 3.000 жени од Австралија, кои биле изложени на серија когнитивни стресови, а истовремено биле следени нивните работни навики.

Утврдено е дека најдобро ја вршеле работата оние кои работеле 25 часа неделно, додека останатите, кои работеле 55 часа, покажале многу полоши резултати на тестовите, па дури и полоши од учесниците пензионери или невработени.

– Многу земји планираат да ја зголемат старосната граница за одење во пензија, тоа значи дека луѓето ќе работат и во својата старост, вели Мекензи.

Според него, степенот на интелектуалната способност во голема мера зависи од работното време. На пример, тоа може да биде меч со две острици, бидејќи работата ја стимулира мозочната активност, но ако е долготрајна, може да предизвика замор и стрес, што може потенцијално да ги оштети когнитивните функции.

– Потенцираме дека разликите во работното време кај возрасните се важни за одржување на когнитивното функционирање. Тоа значи дека, во средни и постари години, треба да се работи пократко ако сакаме да ги зачуваме когнитивните способности, вели професорот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.