Каква награда доби Зоран Заев во Берлин? Дали е купена со народни пари?

Каква награда доби вчера Зоран Заев во Берлин? Ако се прегледаат некои текстови обајвени на Фесјбук се забележува дека неговиот советник е директор во истата организација каде што Заев доби награда.

Вчера на Заев во Берлин му беше врачена наградата за човекови права за 2020 година на Фондацијата „Фридрих Еберт“ (ФЕС).

Според германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас, Заев е предводник на едно двозвучје од национално единство и врската со Европа. Заев, како што посочи тој, постигнал значителни чекори, ја зајакнал правната држава, се бори за независно судство, се бори проив корупција и донел достоинство во демократијата.

Но, дали е ова само уште едно тапкање по рамо за неуспехот за почнување на преговорите со Европската унија? Дали наградата е купена со државни пари?

Во статус на „Дојче веле“ пишува дека Зоран Заев ќе биде награден од фондацијата „Фридрих Еберт“.

ТВ Телма во објавен прилог „Сите советници на премиерот Заев“, при што наведува: „Платите на советниците изнесуваат 55.268 денари освен на двајца – Милан Живковиќ кој е советник за труд и социјална политика чија плата е 60 илјади денари и на советникот за национална безбедност Зоран Верушевски кој месечно добива по 74.618 денари за своите услуги и совети.

Од друга страна, 360степени.мк објави текст насловен како „Ако не изградиме заедничка демократска држава, ќе ја снема поддршката“: „Во разговор за „360 Степени“, Милан Живковиќ, директор на канцеларијата во Скопје на германската фондација „Фридрих Еберт“ зборуваше за резултатите од Самитот во Трст и за поддршката на Германија кон новата македонска влада…..“.

Останува сами да заклучите за каква награда станува збор.