Какви болести се кријат зад кашлицата

Кратката кашлица која тешко се смирува е еден од знаците на бронхитот. Започнува благо, па често немате чувство дека е во прашање потешка болест како што е оваа. Многумина не се подготвени веднаш да се обратат на лекар и ги игнорираат симптомите на сериозни болести. Кашлицата е еден од тие симптоми.
Класичната продуктивна, односно влажната кашлица која трае недела или две и е проследена со течење на носот, воспалено грло, главоболка, кивање и температура најчесто е последица на настинка или грип. Во продолжение прочитајте кои болести се кријат зад долготрајната кашлица.

Бронхит (неколку недели)

Кратката кашлица која тешко се смирува е еден од знаците на бронхитот. Започнува благо, па често немате чувство дека е во прашање потешка болест како што е оваа, туку сметате дека се работи за обична настинка. Сепак, по извесно време се развива во тешка и болна кашлица со искашлување слуз во различни бои (од светло кафена до жолта). Задолжително посетете лекар за да воспостави дали се работи за бронхит предизвикан од бактериска инфекција, бидејќи во тој случај ќе треба да се лекувате со антибиотици.

Воспаление на белите дробови (еден месец)

Кога нашите бели дробови се инфицираат поради вирус, бактерија или габичка, се јавува силна кашлица специфична поради тоа што е проследена со отежнато дишење т.н. краток здив. Ако со тоа искашлувате и безбоен слуз, се чувствувате многу изморено и имате мала температура, голема е веројатноста дека сте добиле воспаление на белите дробови.

Астма (хронично кашлање)

Кај астмата се затнуваат дишните патишта па личноста тешко дише, чувствува стегање во градите и има сува кашлица. Белите дробови имаат подобар протек на воздуг низ денот и доцн попладне, па до ова кашлање доаѓа наутро, навечер или преку ноќ.

Гастроезофагеален рефлукс (хронично кашлање)

Киселините кои од нашиот желудник одат во хранопроводот може да предизвикаат сува кашлица. Тоа често се случува по обемен оброк или пак кога ќе прилегнете, бидејќи тогаш киселините слободно патуваат. Ако и кај себе почувствувате поврзаност на желудочните проблеми со кашлица, обратете се кај лекар, бидејќи можеби имате проблеми со рефлуксот и внимавајте на храната што ја јадење пред спиење.

Болест на тироидната жлезда (хронично кашлање)

Постојано кашлате суво, а не знаете од каде потекнува, затоа што ги направивте сите стандардни прегледи? Проверете ја состојбата на вашата тироидна жлезда, бидејќи кашлицата е една од најчестите симптоми на проблеми поврзани со оваа жлезда, особено ако имате чувство на стегање или гушење.