Какво независно обвинителство, кога министерот собирал материјали за уцена на обвинителите и судиите

Како да веруваме во независно обвинителство кога министерот за внатрешни работи кај него во фиока има материјали за да може да ги уценува обвинителите и судиите, но ќе дојде денот кога ќе ви го завртат грбот и кога судиите и обвинителите ќе пропеат за сите нарачки и уцени бистакна во средата претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на вториот протестен марш кој опозицијата го организира до зградата на Владата.

„Фантастично голем скандал ќе излезе, ќе пронајдат документи, ќе пронајдат опрема којашто повеќе од две години ги слушала сите обвинители и судии. Потоа нема да знаат како да го излажат сопствениот народ, нема да знаат како да се исперат од овој скандал, па најпрвин ќе речат на 30 септември 2016 година започнавме до ден денешен, за другиот ден да им текне што кажале“, рече Мицкоски.

Рече оти очекува дека кога власта ќе сфати за колкав скандал станува збор, ќе се обиде да претстави дека прислушувањето на обвинителите и судиите се случувало од претходно, директно посочувајќи го него како  советник на тогашниот премиер

За бадијала се мачите, за бадијала се трудите и мене да ме испрљате и да го извалкате името на ВМРО-ДПМНЕ. Вие сте ловците на македонскиот народ. Како да веруваме дека има независно обвинителство кога ќе излезе министерот за внатрешни работи ќе каже материјалите се на безбедно, а каде се материјалите, кај него во фиока за да може да ги уценува обвинителите и

На вечерашниот марш на опозицијата лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски порача дека на виделина ќе излезат сите притисоци во судството кои во моментов се случуваат.

Сакате да монтирате случаи, повторно сакате сите да судат по принципот на „кацарска судството“, сакате сите да обвинуваат по примерот на „русковска обвинителството“? Едно да ви порачам. Не се тие двете толку храбри. Ќе дојде денот кога тие ќе ви го завртат грбот и кога истите тие ќе пропеат за сите нарачки и за сите уцени кои што им ги правите преку своите адвокати и тоа нема да ви го прости овој народ, потенцираше Мицкоски во својот говор пред поддржувачите.