Какво владеење на законите, ако најгрубо ги кршат оние кои се платени да ги штитат⁉️

Како е можно припадниците на Шумско полициската станица Демир Хисар и покрај тоа што се осудени за криволов и натаму да се во служба и вооружени а треба да го спроведуваат законот токму во областа за која одговарале, прашуваат во средата од граѓанското здружение за заштита на животните Анима Мунди/

„Прашуваме КАКО Е МОЖНО ДА осудени шумски полицајци од шумската полициска станица Демир Хисар, фатени во криволов на срни и диви свињи, осудени за злоупотреба на автоматско оружје и злоупотреба на службено оружје не бидат најстрого казнети со отпуштање од работното место⁉️ Конкретно лицата се Д.Т. – ни помалку ни повеќе туку ЗАМЕНИК КОМАНДИР на Шумско полициската станица Демир Хисар и Д. М, И.Ј., С.Т, Б.С., Д.М .шумски полицајци од Шумско полициската станица Демир Хисар. Како е можно тие и понатаму да обавуваат работни задачи како службени лица, да зимаат плата од парите на граѓаните, наоружани до заби? Како за ваква злоупотреба и колеж тие и понатаму остануваат во службата која постои токму за да спречи криволов, за да превенира, евидентира и го пријави дивеењето врз животните по шумите и планините!?

ПОТЕНЦИРАМЕ и за време на отстрелот на срната и дивата свиња и малите прасиња користелена службено автоматско оружје на шумската полиција од Демир Хисар како и службено возило на истата шумска полиција!

Истите луѓе сѐ уште вработени како шумски полицајци и користат службени возила и должат службено оружје на шумската полиција во Демир Хисар.

Инаку деновиве има и правосилна пресуда во апелациониот суд во Битола каде се потврдува пресудата што е повеќе од скандалозна одлука!

БАРАМЕ ИТНО повторно одлучување и ТРАЈНО СУСПЕНДИРАЊЕ НА УБИЈЦИТЕ кои како што кажале и во време на судењето не се ни чувствувале виновни, кои понатаму треба да делат правда!!!“, се наведува во постот објавен на официјалната страница на здружението на Facebook.

Како што своевремено соопшти Министерството за внатрешни работи, Димче Талевски од Демир Хисар и Душан Миновски, Ивица Јошевски, Сашо Трајковски, Бобе Силјановски и Дејан Миновски од село Сопотница, сите шумски полицајци годинава се осудени за незаконит лов со казна затвор од по 6 месеци, или две години условно. Криволовот го сториле со службено оружје и возило, но и покрај пресудите, тие и натаму како шумски полицајци ги штитат и се грижат за македонските шуми.

Настанот се случил уште во 2016 година во атарот на селото Железнец, на ловиштетот број 1 Базерник на концесионерот здружението на ловци Долина на мечките од Демир Хисар. Шумските полицајци својата акција ја документирале, се фотографирале  покрај извадените фетуси од убиената дива свиња, а во ловот била убиена и срна. Сето тоа се случувало за време на забрана за лов.

Отстрелот на дивата свиња и на срната бил сторен со службеното оружје (употребени и две автоматски пушки на Министерството за земјоделство) на шумската полиција од Демир Хисар, а било користено и службеното возило на шумската полиција. За време на оваа акција на овие шумски полицајци прекршени се бројни закони, а истите луѓе и натаму се вработени како шумски полицајци, користат службени возила и должат службено оружје на шумската полиција во Демир Хисар.

Деновиве пресудата на Основниот суд во Битола е потврдена и од Апелацискиот суд во Битола. „Ловџиите“ се казнети и со парична казна како отштета на здружението на ловците Долина на мечките од Демир Хисар