Калјари следната сезона во Серија Б

Quarrels in the field after the launch of fumoggeniduring the Italian Serie A soccer match US Salernitana vs Udinese Calcio at the Arechi stadium in Salerno, Italy, 22 May 2022. ANSA/MASSIMO PICA

Фудбалерите на Калјари по последното 38-мо коло од италијанското првентство им се придружија на Венеција и Џенова во триото коешто од следната сезона ќе се натпреварува во понизок ранг.

Неочекувано завршеа двата последни натпревари во сезоната во коишто Удинезе славеше кај Салернитана со 4:0, додека Венеција и Калјари одиграа без голови.

За прволигашкиот статус се бореа Салернитана и Калјари и двете екипи многу лошо ја одработија својата задача. Но, бидејќи во последното коло влезе со два бодат предност, таа предност ја задржа со ваквиот расплет на настаните.

Салернитана пред домашниот пораз од Удинезе имаше низа од седум лигашки натпревари без пораз. Во тој период впиша четири по беди и три ремија, но завршниот дел го одработи катастрофално. Сепак, ѝ помогна Венеција, којашто иако одамна е отпишана од Серија А чесно се прости од елитното натпреварување.

Венеција одигра 0:0 дома со Калјари, и така го спречи клубот од Сардинија да остана во прволигашкото друштво. Иако на Калјари само победа му ги остваруваше амбициите, овој тим целиот натпревар јалово и немоќно напаѓаше.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.