Калјари со бодот од Лече ја прескокна Рома, но испушти сигурно водство

ANSA/MARCO LEZZI

Во одложениот натпревар од 13-то коло на италијанската фудбалска лига, Лече и Клајари во драматичен дуел одиграа 2:2, откако гостите до 83 минута имаа водство од 2:0.

Калјари поведе во 30 минута од пеналот кој го реализираше Жоао Педро, а водството на гостите го удвои во 67 минута Раџа Наинголан. Меѓутоа, на почетокот од 83 минута гостинскиот бек Качаторите со рака спречи удар кон празната мрежа за што заработи директен црвен картон. Казнениот удар во намалување на водството на 1:2 го претвори Џанлука Лападула.

Веднаш по пеналот дојде до меѓусебно кошкање на стрелецот Лападула и голманот Олсен, поради што и двајцата беа испратени во соблекувалните. Калјари не можеше да издржи со девет играчи и во 92 минута Марко Калдерони успеа да израмни на 2:2.

Клајари со овој бод ја прескокна Рома и се наоѓа на одличното четврто место со 25 бодови, десет помалку од водечкиот Јувентус, девет од второпласираниот Интер и два помалку од третиот Лацио. Лече е 17-ти со 11 бодови, два повеќе од зоната на испаѓање во понизок ранг.

Колото вечерва го затвораат Спал и Џенова, кои го играат дербито на дното во трката по Лече.