Калајџиев откако Даравелски беше пуштен од затвор: Mириса на изигрување на законот

Универзитетскиот професор по кривично право Гордан Калајџиев смета дека судската одлука поранешниот директор на Царинската управа да добие ново судење е чудна и мириса на изигрување на законот.

-Одлуката е во најмала рака чудна. Да не речам дека отворено мириса на изигрување на законот, некој вид злоупотреба. Од кои мотиви не знам. Луѓето прво што помислуваат се лукративни мотиви. Да се тврди дека два совети се поткупени е исто така тешко обвинение… Да се јави лицето откако ќе истече можноста за гонење, односно застарување на делото по 20 години и да му се одобри со верување дека лицето кое 20 години живеело во Белград не знаело за сите постапки за него. Па нема човек во Македонија кој не знае дека Даравелски е во бегство и бил осуден. Станува смешно, да не речам трагично, вели за ТВ Телма професорот Калајџиев.