Калајџиев: Сите постапки против претходната политичка и бизнис елита се политички судски процеси

152

Иако во извештајот на Стејт департментот се наведува дека нема политички процеси, морам да признаам дека проблем е дефиницијата што е политички процес, и оние со настаните во Собранието и сите против претходната елита или против бизнис елитата во крајна линија и во суштина се политички судски процеси, истакна професорот по кривично право Гордан Калајџиев вечерва во Топ тема на Телма телевизија.

Тој вели дека не знае дали извршната власт вклучително и премиерот кон овие замки кои му се приредија со тајните служби или е намерна порака да се покаже дека некој е моќен, а тајните служби сеуште се користат за политички цели.

Уште пред една година кажав дека не сум задоволен од тоа како наводно „успешната реформа“ е завршена, затоа што ние немавме јасен концепт како и по кој пат ќе ја деполитизираме тајната полиција од партиска на професионална служба, и сега гледаме дека тие индиции биле точни, затоа што при незаконитоста од лишување од слобода имаме доста контроверзии зошто е таргетиран еден осомничен за дела за коишто не работи тајната служба, бидејќи криминалот за кој е осомничен Камчев за плацевите на Водно нема врска со работење против државата, па тука се злоупотребува притисок кон обвинителката, која е доведена пред свршен чин затоа што без да се консултира обвинителството беше извршено лишување од слобода, појасни професорот Калајџиев.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.