Калараш останува во Вардар

Машкиот ракометен шампион Вардар 1961 го задржува дел од „костурот“ на тимот. По Тимур Дибиров кој потпиша нов едногодишен договор, истото го стори и Глеб Калараш.

30-годишниот пикер и во следната сезона ќе го носи дресот на Вардар, заедно со Стојанче Стоилов, се двајцата поискусни ракометари на оваа позиција. Калараш во Вардар дојде во 2018 година, по една година сакаше да замине во Мешков Брест, но се врати во Скопје.

Претходно нови договори потпишаа Филип Талески и Гоце Гоергиевски. Како нови засилувања официјално се потврдени десното крило Дарко Ѓукиќ, голманот Мартин Томовски, левиот бек Анте Кудуз, левото крило Јан Чувара и десниот бек Едуардо Гурбиндо.