Калашников има нов сопственик, ќе произведува електрични возила

Новиот сопственик на рускиот концерн „Калашников“ е поранепшниот заменик министер за сообраќај Алан Лушников, пишува во петокот московскиот дневен весник Коммерсант

Како што се прецизира во информацијата, Лушников ја преземал компанијата „ТКХ-Инвест“ која контролира 75 отсто минус една акција од концернот „Калашников“ преки „Транскомплектхолдинг“ (ТКХ).

Лушников потврдил дека навистина го преземал „Калашников“ и најавил дека во рамките на концернот планира да развие сектор за цивилни производи, вклучително и производство на електрични возила.

Преостанатите 25 отсто плус една акција му припаѓаат на „Ростех“, државниот холдинг специјализиран за консолидација во стратешки важните компании, главно во одбранбената и високотехнолошката индустрија

Од „Ротсех“ за медиумите го потврдиле договорот со Лушников, истакнувајќи дека немаат намера да го намалат својот удел, имајќи предвид дека „Калашников“ е стратешка државна сопственост.