Калин Ивановски се пласира во полуфиналето на турнирот во Франција

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски продолжува со извонредните настапи на ИТФ турнирот што се одржува во Франција.

Тој успеа да се пласира во полуфиналето откако во два сета со 7:5 и 6:1 триумфираше над домашниот тенисер Александер Реко.

Ивановски кој на турнирот е поставен за трет фаворит во решавачкиот меч за пласман во финалето повторно за противник има играч од Франција.

Првиот македонски рекет во полуфиналето ќе се соочи со Гимар Вајенбург кој денеска успеа со 2:0 да го совлада Симон Бупен од Белгија препуштајќи му само еден гем.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.