Калин Ивановски скокна за 115 позиции на АТП ранг листата

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски повторно направи голем скок на АТП ранг листата.

Ивановски со добрата форма напредуваше за дури 115 позиции и сега е 635-ти тенисер во светот. За македонскиот тенисер ова е убедливо најдобриот пласман во кариерата.

Со добрата форма со која игра од крајот на август досега напредувшае за 455. позиции.

Минатата седмица беше дел од турнирот во Ерусалим на кој помина два противници и беше поразен во четвртфиналето. Подобар од Калин беше Даниел Цуклерман од Израел со 0:2 тој е 458. тенисер во светот.