Калин Ивановски загуби на стартот на турнирот во Тунис

Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски, имаше експресен настап на фјучерс-турнирот во Монастир (Тунис), откако загуби на стартот од првиот носител, Тунижанецот Сканде Мансури (6-3, 6-4).

Големиот талент немаше сили да го изненади фаворитот, кој до триумфот дојде со по еден брејк во секој од сетовите.