Калиопи и без грам шминка е заводлива

Македонската пејачка, која му е позната на целиот регион по својот извонреден глас, неретко знае да ја заинтригира јавноста.

Имено, Калиопи со години има Инстаграм профил, кој ѝ го води професионален тим, а на него често се објавуваат фотографии и видеа од секојдневието на пејачката.

Па така, со последната своја објава ги воодушеви фановите, бидејќи на себе нема ни грам шминка. Калиопи повторно докажа дека на жена ѝ е доволна насмевка за да блеска.

Младите девојки кои се подложни на пластични операции, со цел да изгледаат поубаво, треба да земат пример од оваа 52-годишна поп-дива.