Калјари го совлада Интер

Во првиот натпревар од 26-то коло на италијанското фудбалско првенство, Калјари иако играше на својот терен направи изненадување совладувајќи го третопласираниот Интерс со 2:1 (2:1).

Својата подобра игра на почетокот од мечот фудбалерите на Калјари ја крунисаа со погодокот што во 32 минута го постигна Лука Капители. Интер изрмани веќе во 39 минута со голот на Лаутаро Мартинез, но само по пет минути домашните повторно дојдода до водство преку Леонардо Паволети. Во вториот дел сите настојувања на „Нераѕурите“ да дојдат барем до израмнување останаа без резултат.

Интер моментално остана на третата позиција со 47 бодови, два повеќе од градскиот ривал Милан и три од петтата Рома. Калјари, пак, се зацврстува на 14-то место со 27 бодови, девет повеќе од 18-та позиција која води во квалификации за опстанок. На врвот се Јувентус со 69 и Наполи со 56 бодови.

Во сабота во Серија А се играат дуелите: Емполи – Парма, Милан – Сасуоло и римското дерби Лацио – Рома. Колото продолжува во недела со средбите: Торино – Киево, Удинезе – Болоња, Џенова – Фросиноне, СПАЛ – Сампдорија, Аталанта – Фиорентина и дербито на колото, а најверојатно и на првенството Наполи – Јувентус.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.