Калјари убедлив на гостувањето во Верона

26

Во првиот натпревар од 29-то коло на италијанското фудбалско првенство, Калјари со 3:0 беше убедлив на гостувањето кај веќе отпишаното Киево.

Головите за гостите уште во првото полувреме ги постигнаа Фабио Писачане во 17, Жоао Педро во 34 и Артур Ионата во 44 минута, а веднаш потоа домашните останаа и без исклучениот Депаоло кој заработи втор жолт картон.

Киево остана на единаесет бодови и се чини ги загуби и теоретските шанси за опстанок во Серија А, додека Калјари сега со 33 бодови привремено се искачи на 11-то место, девет бодови повеќе од 18-то место кое води во втората лига.

Во сабота играат Удинезе – Џенова, Јувентус – Емполи и Самдорија – Милан, а во недела на распоредот се дуелите Парма – Аталанта, Фиорентина – Торино, Фросиноне – СПАЛ, Болоња Сасуоло а се играат и два дерби меча, во главниот град петтата Рома го пречекува второпласираниот Наполи, а во Милано третиот Интер се среќава со седмото Лацио кое настојува да избори место на табелата кое води во европските натпреварувања.

Јувентус со 75 бодови е во убедлива предност на врвот на табелата пред Наполи со 60 бодови, а следат Интере со 53, Милан со 51, Рома со 47 а во еврокупот засега место има и Аталанта со 45 бодови колку што има и Лацио.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.